ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Вакцинацијата не е геополитика, туку прашање на јавното здравје

February 10, 2021 11:23
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА

Во услови кога Европската Унија не успева да дистирбуира вакцини против коронавирусот во Западниот Балкан, државите од регионот во потрага по нив се вртат кон Кина и Русија, во што предничи Србија, наведува бриселскиот портал „Политико“.

Според медиумот, една од земјите од регионот што ги следи стапките на Белград е и Северна Македонија, каде се уште никој не е вакциниран.

– Бидејќи првата пратка од КОВАКС механизмот во земјата се очекува да пристигне во март, проевропската Влада реши да преговара со Кина во обид побрзо да обезбеди вакцини. Скопје, исто така, е во директни разговори со „Фајзер“ за набавка на околу 800.000 вакцини, кои се надева дека ќе ги добие во текот на овој месец, наведува „Политико“.

Порталот пренесува изјава на министерот за здравство Венко Филипче, кој вели дека на овој потег не треба да се гледа како на одвраќање на земјата од Унијата.

– Не сметам дека ова е политичка и геополитичка состојба, ова е прашање на јавното здравје. Сите се соочуваме со предизвици во пристапот до вакцини. Земјите од ЕУ се соочуваат со свои предизвици. Гледаме дека механизмот за европска солидарност се одложува, но не е неуспешен, вели Филипче за „Политико“.

Бриселскиот портал го цитира и епидемиологот Драган Даниловски, кој вели дека и дури и пред одобрувањето на вакцините од страна на Европската агенција за лекови, целото нивно произведено количество е однапред купено, а земјава останава да чека некои подобри времиња.

– Како на примерот со „Титаник“, чамците за спасување прво беа пополнети со богатите патници, а сиромашните се удавија. Овој пат на дело ја имаме истата психолошка матрица. Во критични моменти, секој се стреми прво да се обезбеди себе си, вели Даниловски, кој при тоа изразува сомнеж дека пратките од КОВАКС механизмот ќе пристигнат според планираното.

„Политико“ додава дека освен Србија, која самата набави вакцини од неколку извори, меѓу земјите од Западниот Балкан, вакцинација се спроведува само уште во Албанија, „благодарение на неименувана земја на ЕУ, која и испрати на Тирана симболична пратка од 975 дози“.

Според порталот, сето ова претставува непријатно потсетување за ЕУ дека се соочува со силна борба за влијание во нејзиното непосредно соседство, каде растат фрустрациите поради забавувањето на процесот на зачленување на земјите од регионот во Унијата.

– Самата вакцинација само ја зголемува таа фрустрација. Четири од шесте земји од Западниот Балкан допрва ќе ги добијат првите дози и покрај ветувањата од Брисел да ќе им обезбеди пристап (до вакцини). Европската комисија вети 70 милиони евра за да помогне во вакцинацијата во земјите од Западниот Балкан, како дополнение на 500-те милиони евра што Унијата ги обебзеди за КОВАКС механизмот, кој има за цел да гарантира правичен пристап до вакцини против коронавирусот низ целиот свет, се наведува во анализата.

„Политико“ нагласува дека засега се уште нема временска рамка кога вакцините од овој механизам ќе стигнат во земјите од регионот, додека во исто време богатите држави им даваат приоритет на сопствените планови за вакцинација.

– Чекањето на вакцините во време кога пристапувањето кон ЕУ се чини се пооддалечена перспектива, претставува ризик за истуркување на Западниот Балкан уште подалеку од Унијата. Следејќи го примерот на Србија, земјите во регионот, кој има меѓу највисоките стапки на смртност по глава на жител за време на пандемијата, исто така, почнуваат да бараат помош на Исток, заклучува „Политико“.

 

/МИА/
Next Post

Испратено барањето до бугарските власти за екстрадиција на Игор Спасов

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

August 16, 2025

Зеленски: Без трилатерална средба, треба да следуваат построги санкции за Русија

August 16, 2025

Стармер: Зеленски мора да учествува во идните мировни преговори

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk