ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

И документ од тетовскиот суд докажува дека Антонијо Милошоски бил осудуван во Германија

February 10, 2021 15:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Фото: МИА

Фото: МИА

Запис од казнена евиденција одновно го побива тврдењето на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој велеше дека не е осудуван во Германија. Документот до кој дојде „А1он“, а е издаден од Основниот суд во Тетово по барање на Државната изборна комисија на почетокот од претходната година, покажува дека тој бил двапати осудуван. Ова е втор документ кој го демантира Милошоски, кој велеше дека не сторил кривични дела во Германија.

Листата од казнена евиденција е издадена од тетовскиот суд, а на документот има потписи од вработените лица кои ја изготвиле и провериле, како и од заменик претседателот на судот. На документот има печат и од Основниот суд во Тетово.

Во документот стои: „Парична казна 40 казнени единици по 20 евра за кривично дело кражба“ и „Парична казна 20 дневници по 20 евра за кривично дело фалсификување на исправи“.

„Има записи во казнена евиденција“, пишува во листата од казнената евиденција на Милошоски

Со овој документ се поткрепуваат тврдењата на „А1он“, за кој Милошоски велеше дека се дезинформации. Како што објавивме, тој бил осуден во 2004 и 2005 година во Ахен, Германија. Иако негираше, и документите издадени од судот во Тетово покажуваат дека тој бил осуден за фалсификување на исправи, објави А1он.

Според датумите, документот за листа од казнената евиденција е издаден непосредно пред ланските парламентарни избори, кога Милошоски беше кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Утрово повторно пристигна реакција од СДСМ:

„Антонијо Милошоски главен дезинформатор во ВМРО-ДПМНЕ се обиде да се сокрие зад социјалните мрежи. Наместо да излезе и да одговори какви пресуди и за какви дела добил во Германија во 2004 и во 2005 година, кусо време пред да стане министер.

Според информации, но и документи објавени јавно во повеќе медиуми, судот во градот Ахен пресудил дека Милошоски сторил кривично дело и затоа бил осуден и казнет. Сега Милошоски е фатен во нова лага.

За овој голем домашен, но и меѓународен срам, тој, но и неговиот шеф Христијан Мицкоски имаат обврска да излезат пред граѓаните. Тоа што Мицкоски го покрива Милошоски говори дека и тој е на страната на лагата, срамот и криминалот“, се вели во денешната партиска рекција.

На вчерашната прес конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, го повика Милошоски да им се извини на граѓаните и да поднесе оставка од пратеничката функција.

Next Post

Унапредувањето на билатералната соработка и попрецизно таргетирање на помошта- теми на средбата Димитров – Савада

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk