Северна Македонија и официјално побара екстрадиција на лицето Игор Спасов, информираат од Министерството за правда.
Во соопштението се вели дека во текот на вчерашниот ден, по комплетирањето на документацијата, барањето е испратено до бугарските власти кои понатаму ќе постапуваат по истото.
Барањето за екстрадиција го потпиша министерот за правда Бојан Маричиќ.
Игор Спасов беше приведен од полициските сили во Софија по пријава за семејно насилство,
Спасов е осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на плоштадот во Скопје на прославата на победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2011 година.
МВР распиша меѓународна потерница за Спасов на крајот на октомври 2019 година откако тој не се врати во затворот по завршување на лекувањето. Тој се бара за доиздржување на казна затвор од седум години и три месеци.
Ј. Ѓ.