ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Контраспин: Стипендијата на ќерката на Димитров нема врска со неправдата нанесена на математичарот Дамјан

February 10, 2021 09:04
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Случајот со малиот Дамјан од Штип, кој е основец, а победи на натпревар по математика за средношколци и заради тоа не ја доби заслужената награда, ја разбранува јавноста. Еден од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Штип, Иван Јорданов, на Фејсбук напиша изјава во која го споредува овој случај со стипендијата која ја доби ќерката на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, која ја оценуваме како спин, анализира Вистиномер.

Спин: За ќерката на Никола Димитров годишна стипендија од 40.000 евра. За малиот гениј Дамјан еднократно 15.000 денари.

Ете затоа младите си одат од Македонија. Во образованието најмалку е потребна политика. Но, секој успех е вреден за вреднување, посебно во случајот со младиот математичар Дамјан кој може да им држи часови на Димитров, Заев и Царовска.

[Извор: Фејсбук профил на пратеникот Иван  Јорданов – датум: 04.02.2021]

Контраспин: Пратеникот меша баби и жаби. Стипендијата која ја доби ќерката на Димитров нема никаква врска со  неправдата која му е нанесена на Дамјан. Во ред е да се реагира за овој случај, без разлика дали реакцијата ќе дојде од претставници на власта или опозицијата. Кога нешто не функционира во системот, треба да се реагира.

Но, пратеникот, со оваа изјава сака да собере политички поени, а не да помогне да се реши случајот. Прави паралела за која нема никаква основа. Награда е една работа, стипендија е сосема друга. Една ситуација е доделувањето стипендии за високо образование надвор од државата, кој ги добива тие и според какви критериуми, а сосема друга ситуација е овој специфичен случај.

ЗОШТО ДАМЈАН НЕ ЈА ДОБИ НАГРАДАТА?

Малиот генијалец Дамјан од Штип, кој е ученик во основно образование, учествувал на натпревар по математика за средношколци и го освоил првото место. Но, од Министерството за образование и наука одбиле да му ја дадат заслужената награда, бидејќи, како што рекоа оттаму,  не е според Законот. Наместо тоа, тој ќе добие еднократна парична награда од 15.000 денари, од страна на Општина Штип, како и признание за почесен граѓанин на општината.

Во образложението од МОН за одлуката се вели:

Ученикот и неговиот наставник не ги исполнуваат условите бидејќи ученикот и наставникот се од основно образование, а натпреварите се за ученици и наставници од средно образование.

Министерката за образование, Мила Царовска, оправдувањето го побара во застарената законска регулатива.

Несомнено дека се работи за талентиран ученик кој заедно со својот ментор вложиле многу труд за постигнување на успехот на државниот натпревар на кој учествувале. Но, за жал законската регулатива не дозволува тие да го остварат правото за кое аплицирале во МОН. МОН веќе работи на законски измени со кои ќе ја зголеми достапноста за наградите, имајќи го предвид фактот дека во секоја генерација ученици има исклучителни таленти по одредени предмети и области.

Значи, проблемот е законската регулатива. А, каде се решаваат тие проблеми? Во Собранието на Република Северна Македонија, каде што Иван Јорданов е пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој ја има можноста од внатре да го менува системот кога не функционира и е неправеден, како во оваа ситуација. Пратениците освен што имаат право, тие имаат и должност да предлагаат закони, а за тоа меѓу другото се платени со пари од граѓаните.

Ова го предвидува Законот за пратеници:

Член 14

Пратеникот има право и должност:

– да предлага донесување на закон, друг пропис или општ акт

Како и Деловникот на Собранието.

Член 132

Право да предлага донесување на закон има секој пратеник во Собранието, Владата и најмалку 10.000 избирачи (овластен предлагач на закон).

Но, пратеникот Јорданов иако има можност да предложи промени на законска регулатива или да предлага нови закони, тој го избрал полесниот но далеку по неефективен начин – да критикува на Фејсбук  со спинови и правење паралели кои немаат заедничка основа. Неговата цел очигледно не е да помогне туку само да критикува и со тоа да собере политички поени.

Извор: Вистиномер

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

July 18, 2025
Фото: Муцунски ФБ

Муцунски на бизнис форум во Лондон: Британските компании да ги истражат можностите кои ги нудат македонскиот пазар и економија

July 18, 2025

Најмалку 33 лица загинаа во удари од гром во североисточна Индија

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гардијан“: Осум здрави бебиња родени преку вонтелесно оплодување со ДНК од три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk