ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска: Ниту Груевски кој побегна , ниту Заев како актуелен премиер кој се бори во најголемата криза, ниту министерката за труд и социјална политика им ги дава пензиите на пензионерите, тие тоа си го одработиле и заслужиле

February 10, 2021 10:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„На законското решение, недела да биде ден за неделен одмор  како Министерство за труд и социјална политика работиме изминатите три месеци. Преку бројни средби, дебати, состаноци, разговаравме со синдикатите како претставници на работниците, коморите, организацијата на работодавачи, всушност со сите засегнати чинители во општеството, сериозно дебатиравме за сите слабости и предности  на ова решение. Недела-слободен ден за работниците, да бидат заедно со своите семејства, да ги продолжат оние семејни традиции на кои што изминатиов период во трка со времето се запоставија“, потенцираше министерката Шахпаска во утринската емисија на Сител ТВ, зборувајќи за измените во Законот за работни односи, со кои се предвидува недела да биде ден за неделен одмор, информираат од Министерство за труд и социјална политика.

Таа посочи дека ова законско решение мора да има исклучоци со цел за непречено функционирање на  државата и онаму каде што техничко- технолошкиот процес мора да продолжи,снабдувањето на граѓаните со електрична енергија, водоснабдувањето, собирањето  на комуналниот отпад, здравствената и социјална заштита, функционирањето на малите групни домови, медиумите, културните институции, угостителството. Ќе продолжат да функционираат сите оние дејности кои  што  претставуваат задоволување на елементарните потреби на секое семејство. Притоа, сите што ќе работат во недела, ќе имаат надомест на плата согласно Закон и колективен договор, а дополнително овие работници ќе имаат и слободен ден за одмор.

Во однос на прашањето во врска со пакетите економска помош за ранливите категории на граѓани во време на пандемија министерката истакна дека од нејзиниот почеток главните два приоритети биле насочени кон зачувување на секое работно место и  помошта и поддршката на ранливите категории на граѓани. Во таа насока беа креирани мерки како субвенционирање на плати и бескаматни кредите со цел помош на компаниите, да не ги испуштаат работниците и да се  зачува секое работно место. Истовремено, креирани беа и мерки за активните и  пасивните баратели на работа, пензионерите со пониски пензии од 15.000 денари, примателите на државна социјална пензија, самохраните родители,  примателите на социјална помош. Петтиот пакет еконски мерки ги опфаќа сите оние граѓани кои имаат заостанати долгови кон Јавните претпријатија, институции и општините, и предвидува бришење на каматите на долгот и можност за оддложено плаќање на 12 рати, што во време на Ковид 19, претставува уште едно олеснување и поддршка кон граѓаните со цел полесно премостување на кризниот период.

„Министерството за труд и социјална политика во декември донесе законски измени на Законот за социјална и Законот за детска заштита со кои го олеснивме пристапот на граѓаните до социјална помош, ги спуштивме критериумите за влез во системот на социјална заштита. Социјалната реформа донесена 2019 година беше ставена на тест токму во време на пандемија и се покажа како можне ефикасна во полесно пребродување на кризата. Таа беше за 300%  зголемена, олеснат беше пристапот до образовен додаток и се воведе  државната социјална пензија. Пандемијата не научи дека системот  мора да функционира“, истакна министерката Шахпаска.

„Ниту Груевски кој побегна , ниту Заев како актуелен премиер кој се бори во најголемата криза, ниту министерката за труд и социјална политика им ги дава пензиите на пензионерите, тие тоа си го одработиле и заслужиле во нивниот работен век“, истакна Шахпаска.

Таа на тема пензии и нивна исплата, им порача на пензионерите дека пензиите ќе продолжат да се исплаќаат редовно, зголемени  согласно Закон, кое што беше укинато од претодната власт. Тоа значи усогласување на пензиите со растот на тошоците на живот, двапати во  годината, раст на пензиите со раст на  БДП повеќе од 4% и  третата можност за раст е  со раст на минималната  плата од 15% и просечната 5%.

 

Next Post

Иван Костиќ нов директор на „Филип Морис ТКП“

НАЈНОВО

Премиера на театарската претстава „Хелверовата ноќ“ во Охрид

November 14, 2025
Скриншот

Би-би-си се извини за монтажата на говорот на Трамп, но одбива тужба за клевета

November 14, 2025

Клоп ќе биде телевизиски коментатор на СП 2026

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk