ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Илјадници демонстранти во Тел Авив побараа крај на војната во Газа

August 17, 2025 09:41
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Илјадници Израелци синоќа излегоа на улиците во Тел Авив, барајќи прекин на војната во Газа и договор за ослободување на заложниците што ги држи палестинската исламистичка група „Хамас“, пренесува ДПА.

Според репортер на германската новинска агенција, неколку илјади луѓе се одзвале на повикот на Форумот на семејствата на заложниците.

Демонстрации се одржаа и во Хаифа, Ерусалим и Бер Шева.

„Ќе ја блокираме земјата“, изјави пред толпата Ејнав Зангаукер, мајка на Матан, еден од 20-те живи заложници во Појасот Газа, изјави пред планираниот национален штрајк. „Нема да застанеме, нема да го чекаме (премиерот Бенјамин) Нетанјаху да ја заврши војната, ќе го земеме она што ни припаѓа по право“, додаде таа.

Според еврејскиот календар, недела е првиот работен ден во Израел, потсетува ДПА. Семејствата прогласија штрајк како форма на протест против одлуката на владата да ја прошири војната во Газа со нова офанзива, наместо да потпише договор за враќање на киднапираните, објави весникот „Тајмс оф Израел“.

Според израелските власти, покрај живите заложници, „Хамас“ држи и тела на 30 лица киднапирани во Појасот Газа. Месеците индиректни преговори за ослободување на заложниците и ставање крај на војната не дадоа резултати. Нетанјаху инсистира безбедносниот кабинет да донесе одлука за заземање на градот Газа и бегалските квартови во централниот дел на Појасот Газа со воена сила.

И покрај првичните стравувања за ризиците по заложниците, за кои се верува дека се наоѓаат таму, армијата почна да подготвува планови во оваа насока.

Можноста за постигнување решение преку преговори сè уште не е целосно исклучена. Иако во моментов не се зборува за обновување на индиректните преговори со посредство на Египет, Катар и САД, медиумите често известуваат за контакти и истражувачки разговори насочени кон продолжување на преговарачкиот процес.

Tags: Газадемонстрацииизраел
Next Post

(ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk