ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Џафери-Тигањ: Jакнење на севкупната билатерална соработка меѓу двете држави и особено унапредување на меѓупарламентарната соработка

February 10, 2021 12:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денес претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, оствари работна средба со амбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ, информираат собраниски извори.

Претседателот Џафери ја запозна амбасадорката со тековните активности на Собранието, претстојниот попис на населението, важните закони како дел од европската агенда на земјата, како и за инклузивната соработка на сите пратенички групи и претставници на политички партии застапени во Собранието кои остануваат посветени на процесот “Жан Моне”. Претседателот на Собранието особено ја потенцираше важноста од меѓусебната билатерална соработка и продолжување на истата на највисоко ниво и на ниво на пратеничките групи за соработка, штом тоа ќе го дозволат здравствените услови. Упати благодарност за силната и континуирана поддршка што највисоките државни институции ја даваат на Република Северна Македонија на планот на европската интеграција на земјата и изрази очекување дека како НАТО сојузници ќе имаме плодна и континуирана соработка.

Претседателот Џафери уште еднаш изрази жалење поради катастрофалниот земјотрес што го погоди градот Петриња и пошироката околина на само неколку дена пред крајот на и онака тешката 2020 година во која целиот свет се соочи и се уште се справува со пандемијата на COVID-19.

Амбасадорката Тигањ го поздрави функционирањето на Собранието на планот на донесување на солидни реформски закони кои се во интерес на сите граѓани, при што ја повтори безрезервната хрватска поддршка на планот на нашите евроинтеграции и очекувањата за отворање на првата меѓувладина конференција до крајот на оваа година.  Информираше дека Република Хрватска е лидер во регионот по твининг-проектите и со задоволство го најави 14.Твининг проект со Република Северна Македонија во правосудството, поконкретно во областа на заштитата на личните податоци. Понуди експертска помош на владино и парламентарно ниво во процесот на отворањето на поглавјата, со експерти кои ќе можат многу да помогнат во градењето на капацитетите за преговори со Европската унија. Амбасадорката изрази благодарност за пријателскиот однос и поддршка во тешките моменти за хрватската држава и го реафирмираше многудеценсикото пријателство меѓу Република Северна Македонија и Република Хрватска.

Соговорниците ја реафирмираа важноста од континуиран политички дијалог во насока на јакнење на севкупната билатерална соработка меѓу двете држави и особено унапредување на меѓупарламентарната соработка и споделување на заедничките искуства од надворешната политика и парламентарната дипломатија.

Next Post

Пописот е насушна потреба во интерес на сите граѓани, нема одлагање, истакна Заев

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во Тузла, загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

November 5, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 5 ноември

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk