ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Уважена жалбата на ОЈО Скопје за условната осуда за сообраќајката кај Млечен ресторан, осудениот доби две години затвор

February 10, 2021 14:49
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Апелацискиот суд ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан, која се случи во октомври 2018 година и ја преиначи условната казна со казна од две години затвор.

–Со пресудата, Апелациониот суд ја преиначи првостепено изречената условна осуда и на обвинетиот кој беше огласен за виновен за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ му изрече ефективна казна затвор во траење од две години, како и забрана за управување со моторно возило од Б-категорија во траење од две години, со тоа што времето поминато во затвор не се засметува во нејзиното траење, информираат од ЈО. 

Оттаму додаваат дека против првостепената пресуда во овој предмет жалба вложила и оштетената, но била отфрлена како недозволена.

–Апелациониот суд во целост ја анализираше утврдената фактичка состојба во предметот. Притоа со донесената пресуда оцени дека во конкретниот случај постои правилна примена на материјалното право, со оглед на тоа што во дејствијата на обвинетиот прецизно се опишани елементите на кривичното дело кое му се ставаше на товар со поднесеното обвинение и за кое обвинетиот беше огласен за виновен со првостепената пресуда, соопштуваат од ЈО. 

Ценејќи ја, пак, одлуката за кривичната санкција, Апелациониот суд ги прифатил наводите на Основното јавно обвинителство Скопје, потврдени и со писмениот предлог на Вишото јавно обвинителство Скопје, согласно кои првостепениот суд во недоволна мера ги ценел отежнувачките околности и дека целта на казнувањето во конкретниот случај не може да се оствари со изречената алтернативна мерка – условна осуда.

Од тие причини Апелациониот суд донел одлука да ја преиначи првостепената пресуда во овој предмет во делот на кривичната санкција, притоа оценувајќи дека затворска казна од две години и двегодишна забрана за управување со автомобил се адекватни на тежината на стореното кривично дело и ќе претставуваат адекватен општествен прекор за преземените противправни дејствија.​​

 

/МИА/
Next Post

МФ: Предложените измени за сметководствени услуги не прават промени во постапката за признавање квалификација од странство

НАЈНОВО

Венс: Примирјето меѓу Израел и Хамас се почитува и покрај судирите во Газа

October 29, 2025
ВИ

Холандија гласа на предвремени парламентарни избори

October 29, 2025

Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk