„Државата неколку кратно помина низ фази на вонредни Парламентарни избори и само изгубивме од тоа. Кога се случуваат вонредните избори застанува сè во државата, најповеќе економијата. Се случија огромни работи во државата со сериозни историски одлуки и сето тоа заради убавата економска иднина којашто сакаме да ја доживеат нашите граѓани: повисок економски стандард, повисоки плати, нови работни места, дигање на БДП, нови инвестиции и буквално еден нов квалитет на живот.“, рече премиерот Заев на денешната прес-конференција, одговараќи на прашањето дали ќе има вонредни Парламентарни избори.
Тој истакна дека ова мораме сите заедно да го изработиме за да го постигнеме, а може и да го прекинеме со вонредни парламентарни избори.
„Не знам јас кој космонаути гледаат од месечината како тоа ќе се случува, но јас тврдам дека вонредни парламентарни избори нема да има заради тоа што не носат ништо добро на државата.“, рече Заев
Заев нагласи дека вонредни избори нема ништо да променат, само можат да ги закочат развојните проекти, кои што треба, мора и ќе се случат во периодот до 2024 година кога се редовните Парламентарни избори.
Ј. Ѓ.