Министерот за економија Крешник Бектеши во гостување на ТВ 21 најави дека во рамки на петтиот пакет мерки за помош и справување од корона кризата туризмот ќе биде повторно поддржан и преку ваучери од 15.000 денари кои ќе се распределуваат по посебни механизми.
„Ваучерот ќе биде 15 илјади денари и ќе има дополнително нов механизам преку кој ќе се распределат средствата за првпат. Овој пат се зема како криетеиум и развојот на регионите. Согласно Законот за рамномерен регионален развој и јавните повици, граѓаните кои доаѓаат од помалку развиените општини ќе добијат поголем процент финансиска помош или субвенции,“, објаснува Бектеши.
Тој додава дека предвидена е програма која ќе започне да се реализира некаде кон месец април или мај преку ваучер системот за помагање на вработените со ниски приходи, но истовремено и на категории на граѓани кои добиваат социјално.
Министерот додава дека директно ќе бидат поддржани и хотелите кои не се во туристичките дестинации и немале можност да бидат поддржани од страна на ваучер системот.