ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Иванов немал најави за организиран упадот во Собранието, го поддржувал движењето „За заедничка Македонија”, знаел за присуството на Живаљевиќ

February 11, 2021 13:11
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Како тогашен претседател на државата од ниту една служба немаше информација за најава на организиран влез на толпата во Собранието на 27 април 2017 година, изјави поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов сведочејќи на денешното судење за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година, пренесува МИА.

Прашан дали како поранешен претседател на државата имал информации за оневозможување на мирно примопредавање на власта на 27 април 2017 годиназ Иванов, категорично рече дека такви информации немал.

Прашан за изнесените информации за прогласување воена состојба на 27 април 2017 година, Иванов рече дека се што е поврзано со воена состојба произлегло од текст објавен во еден неделник, неколку дена претходно.

– Беа изнесени невистини и шпекулации кои потоа се пренесуваа и коментираа. Целиот текст е небулоза, затоа што Уставот е јасен. Како држава имаме строго дефинирани механизми за спречување злоупотреба на воена состојба. Тоа е школски пример на психолошка војна, за некој да преземе нешто, а вината да падне на претседателот и армијата, рече Иванов.

Текстот што бил пренесен и во странски медиуми, според него, предизвикал одредена состојба во државата и дискредитација на Армијата и на врховниот командант.  

– Уставот налага кога во државата се прогласува воена состојба. Значи, треба да постои непосредна воена опасност за напад на Републиката, тоа е првиот услов, второ треба да е нападната Републиката и треба да и биде објавено војна на Републиката. Значи, ниеден од тие услови предвидени со Уставот не е исполнет. Уставот наложува дека одлука за носење на воена состојба е во надлежност на Собранието на Република Македонија со двотретинско мнозинство. Доколку не се состане Собранието, претседателот може да прогласи воена состојба која ја става на утврдување по состанувањето на Собранието. Бидејќи Собранието е во заседавање по верификација на пратениците, така што тој текст предизвика голема вознемиреност, различни интерпретации и до ден денес да се провлекува низ судовите нешто што теоретски не било ни можно затоа што ние 2001 година имавме воен конфликт па не беше прогласена воена состојба, но сега очигледно тоа е дел од сценарио или школски пример за психолошко војување, изјави Иванов. 

Прашан како тогашен претседател на државата, каков бил неговиот став за граѓанското движење „За заедничка Македонија”, Иванов рече дека тој јавно неколку пати ги поддржал, преку негови јавни излагања и соопштенија.

– Движењето „За заедничка Македонија” произлезе како одговор на т.н. „Тиранска платформа” и изјавите дека Македонија како држава не треба да постои. Преку стотици иницијативи и барања од граѓани и членови на „За заедничка Македонија” доаѓаа и продолжија да доаѓаат до кабинетот на претседателот, изјави Иванов.

Прашан дали лицето Синиша Алексовски го известувал за своите активности, Иванов рече дека освен што е усно информиран, за се има и пишани белешки.

– Советникот Синиша Алексовски кога се случија настаните на 27 април барав да се врати од службен пат. Кога се врати ми ја покажа фотографијата од Живаљевиќ и неговата комуникација за тоа што бара во Собранието, за што се покажа дека бил на барање на абасадата за да утврди дали имало и српски граѓани при упадот на Собранието, рече Иванов.

На денешното рочиште се повикани повеќе сведоци, меѓу кои и Биљана Бришковска Бошковски и Цветан Трипуновски.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Тетовец зел 25.000 евра пари со камата, му одзеле два стана во вредност од 150.000 евра

May 17, 2025

Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

May 17, 2025
Фото извор: Швајцарска програма „ИМЕ“

(ФОТО) Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам

May 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) „Евровизија“: Познати сите 26 финалисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од сопатник со Албанија, Македонија десетици чекори зад неа на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ССНМ: Оценките на претседателката Сиљановска Давкова за работата на новинарите се непримерни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk