По поројните дождови кои ја зафатија Црна Гора во изминатите денови, во неколку места на брегот на Скадарско Езеро ситуацијата е критична, бидејќи водостојот се зголемува и вода почнала да влегува во објектите.
Жителите, иако не се соочуваат првпат со слични проблеми, се многу загрижени, бидејќи доколку продолжат врнежите, водата ќе им причини сериозни штети. Тие стравуваат дека би можело да се повтори сценариото од 2010 година, кога Црна Гора ја зафатија налошите поплави во поновата историја.
– Не можете да замислите како ја минавме ноќта. Цела ноќ ветер, дожд, вода. Тоа е хаос, се е поплавено, изјави жител на Врањина.
Според неговата проценка, недостасуваат уште половина метар за да влезе водата во куќите, а надлежните органи сè уште не реагираат.