ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Наумоски: Левичарството, јавниот простор и паркингот се тесно поврзани прашања

Ако семејството Апасиеви не може да си дозволи паркинг место, тогаш кој може? Ако Димитар Апасиев не може да си дозволи да плати 50 денари час на регулиран паркинг наместо да паркира на тротоар кога оди на работа, тогаш кој може? За еден пратеник - левичар, окупацијата на јавен простор за свои приватни цели е во суштина издајничка работа за своите идеали и борби.

February 11, 2021 17:32
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Левичарството, јавниот простор и паркингот се тесно поврзани прашања. Секој кој живеел во град и погледнал околу себе, приметил дека огромен дел од јавните површини служат за автомобилите, а уште поголем дел за нивно паркирање. Секој кој прошетал во други градови видел дека секој град си има свои посебни паркинг политики, адаптирани на потребите на градот, на неговите жители, на неговите географски услови, јавниот превоз, економските прилики итн. Имено, не постојат два града со иста паркинг политика во светот. Па, кога некој ќе ви каже дека „во нормална држава паркингот ти доаѓа со купен стан“, треба да се внимава бидејќи ем лаже, ем манипулира тенденциозно, ем поим нема од градски политики.

Во случајот со Апасиев, познато е дека има живеено во Велес, Штип, Москва и Скопје. Не знам што „нормална држава“ значи во неговата глава, ама би сакал да знам што значи „нормален град“ бидејќи Велес и Штип речиси и да немаат паркинг политики, немаат јавни претпријатија, пајаци, наплати, зони итн. Главниот град на Русија, кој што има посебно место во неговото срце, изгледа исто така не е дел од „нормална држава“, бидејќи ни таму нема такво нешто како „купи стан – добиј паркинг“. Во Москва паркингот е толку скап што ако ги споредуваме ценовниците ќе се засрамиме од браќата Руси колку чини паркирањето на нивните лади, а колку паркирањето на нашите алфи.

Во Скопје се регистрирани околу 180.000 возила, а уште десетици илјади влегуваат и изглегуваат од градот секој ден. Но, Скопје има регулиран паркинг за околу ¼ од тие места, што значи дека секое 4-то возило може да биде регуларно згрижено на простор соодветен за тоа (притоа имајќи предвид дека сеуште постојат регуларни паркинг места на тротоар). Бројката на возила најмногу е порасната, речиси за 50% по дозволениот увоз на стари возила во 2009-та година – штетна популистичка мерка на Никола Груевски со далекусежни реперкусии врз загадувањето, безбедноста во сообраќајот, урбанизмот, зеленилото во Скопје итн. Димче Апасиев е веројатно еден од оние луѓе што имаат неодамна набавено такво возило, како и стан во Аеродром – ретка привилегија за брзо стекнување капитал која што ја имаат пратениците со големи плати во брак со професорка со исто така високи примања. Овие факти, покрај што ни укажуваат дека се работи за припадник на високата класа (но е defensor plebei на ниската), укажуваат и на недостаток на галантност која што ја имаат луѓето од високата класа во другите „нормални држави“. Таму богаташите плаќаат сериозни суми за својата комоција да паркираат во близина на својот стан или работно место. Ако семејството Апасиеви не може да си дозволи паркинг место, тогаш кој може? Ако Димитар Апасиев не може да си дозволи да плати 50 денари час на регулиран паркинг наместо да паркира на тротоар кога оди на работа, тогаш кој може?

Јавниот простор е јавно добро. Треба да се сфати како сечиј имот и неговата злоупотреба значи и злоупотреба на јавни добра. Тоа е споредливо со злоупотребата на заедничките пари, заедничките згради, заедничките природни реткости итн. Исто како што е злоупотреба да приграбите сечија земја за да си направите рудник/нива/хидроцентрала, така е и со 15-те квадратни метри што ги окупирате со своето возило кога паркирате на тротоар/тревник/плочник. Левата борба значи борба за заедничкото, за солидарност, против силеџиството, за фер пристап до заедничките добра и за еднаквост на ранливите групи на граѓани со останатите. Според тоа, за еден пратеник – левичар, окупацијата на јавен простор за свои приватни цели е во суштина издајничка работа за своите идеали и борби. Секако, оваа оценка не важи за сите несовесни возачи во Скопје, бидејќи тие не се пратеници кои треба да водат со пример, ниту пак прават скандали при секоја изречена казна.

Ова однесување на политичар од Левица не е изолиран случај. Минатата година членката на Советот на градот Драгана Велковска на ист начин се однесуваше кога нејзиното возило беше затекнато од инспекторите паркирано на тротоар. И тогаш причината за неодговорното однесување беше што немало паркинг на разумна оддалеченост и тезата дека градот/државата е должен да обезбеди близок паркинг за секого, дури и на места како Градски Sид каде нема каде игла да се фрли, а не пак нов паркинг да се направи. Евидентно е дека се работи за изговори на возрасни луѓе кои се однесуваат како деца, кенкаво и себично, спремни да го кренат цел град на нозе само за да не платат казна што сите други ја плаќаат. Тоа е партија на грозен популизам, луѓе кои би рекле било што на своите комшии за да ја добијат нивната наклонетост. Вчера е паркингот, денес данокот, утре ќе ги подучуваат луѓето да не ги плаќаат обврските кон куќните совети. Купи глас/лајк помини ден. Тоа е нивната борба се‘ додека не дојдат на власт и го покажат нивното фашистичко лице.

Фејсбук објава од Никола Наумоски

 

 

Next Post

Директорот на АстраЗенека: Нашата вакцина не е совршена, но делува

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk