ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ѓоргиевска: Заедно треба да работиме на надминување на бариерите за девојките и жените во науката

February 11, 2021 18:09
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

На иницијатива на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, а по повод Меѓународниот ден на жените и девојките научнички, денеска се одржа тематска дебата  „Професионални и лични предизвици со коишто се соочуваат научничките во Република Северна Македонија“.

Обраќајќи се пред присутните, Ѓоргиевска рече дека одбележувањето на овој ден е можност за подигнување на јавната свест за потребата за зголемување на бројот на жени и девојки научнички, соопшти Кабинетот на претседателот.

– Овозможувајќи им еднакви можности за образование на девојките ги поттикнуваме да не го напуштат образовниот процес и во иднина да бидат дел од науката, нагласи Ѓоргиевска, додавајќи дека сите заедно треба да работат на надминување на бариерите за девојките и жените во науката.

– Повеќе жени во наука е важна тема и за Агендата 2030. До 2030 година земјите во светот треба да изградат отпорна инфраструктура, да промовираат инклузивна и одржлива индустријализација и да поттикнуваат иновација. Оваа цел не може да се оствари без еднакви можности за жените научнички и истражувачки. Нееднаквиот пристап на жените и девојките до СТЕМ- областите е кочничар за одржливиот развој. Со својот придонес, жените научнички можат да го забрзаат темпото и да помогнат да се надомести загубеното време во постигнување одржлив развој, рече Ѓоргиевска.

Говорејќи дека во земјава бројот на научнички во одредени академски дисциплини е на повисоко ниво од многу други земји, Ѓоргиевска нагласи дека за подобри резултати, потребен е долгорочен ангажман преку инвестирање во образовен систем кој ќе нуди еднакви можности за сите. Треба да ги поттикнуваме девојките да бидат дел од науката, истакна таа додавајќи дека како општество потребно е да обезбедуваме механизми со кои ќе се поддржат жените да бидат дел од повеќе научни истражувања.

– Верувам дека со ангажман од државата, академската заедница и бизнис – заедницата, можеме да успееме. Да охрабруваме платформи, програми и инкубатори за жени и за девојки истражувачи во СТЕМ-областите. Да се стремиме кон општество и кон образовен систем што ќе ги охрабрува девојките да студираат во СТЕМ-области, и притоа да го дадат најдоброто од себе за да бидат позитивен пример не само за својата туку и за наредните генерации. Да бидеме катализатор на промени за подобро општество за секој од нас, истакна сопругата на претседателот, Ѓоргиевска.

Дискутирајќи за предизвиците од институционална природа, Елисабета Бајрами Ологу, предавач и раководител на Одделот за социјална работа и социјална политика на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје ја истакна потребата од истражувачки центри, како и поголема финансиска поддршка за докторантите од областа на истражувањето.

Проф. д-р Јасмина Петреска Станоева, вонреден професор на Природно-математички факултет говорејќи за родовата димензија во науката истакна дека девојчињата треба уште од мали да се охрабруваат да истражуваат. Според неа, културата на менторство треба да се издигне на многу повисоко ниво и како ментори на млади девојки во академска средина мора да бидат отворени во врска со предизвиците со кои се соочуваат жените во науката.

На хибридниот настан, учествуваа научнички кои дискутираа на повеќе теми осврнувајќи се на личните и професионалните предизвици со коишто се соочуваат, на влијанието на пандемијата Ковид-19 во нивната секојдневна работа, како и за вклученоста на научничките во високото образование и научната работа.

Тема на годинешниот виртуелен настан во Обединетите нации за одбележување на 6.Меѓународен ден на жени и девојки научнички е „Надвор од границите: еднаквост во науката за општеството“, со посебен фокус на вредноста на социјалните аспекти и културните димензии во науката, технологијата и иновациите за подобрување на програмите за одржлив развој, стои во соопштението. /МИА/.

Next Post

Куба направила 150.000 дози можна вакцина против Ковид-19

НАЈНОВО

Канада најави огромни воени трошоци: 81,1 милијарди долари за зајакнување на вооружените сили

November 5, 2025

Државен секретар на Унгарија: Националната консултација се однесува на тоа колку пари остануваат кај луѓето

November 5, 2025

Хакери од „NoName057“ ги нападнаа веб-страниците на белгиските телекоми „Проксимус“ и „Скарлет“

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk