ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Првите антиковид-вакцини ќе стигнат наредните денови, почна пријавувањето за имунизација

February 11, 2021 08:28
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА

Антиковид-вакцините на „Фајзер“ кои ни ги отстапи Србија, а неколку недели чекаа на одобрение од производителот за да влезат во земјава, ќе пристигнат наредните денови и ќе бидат првите 8.000 со кои и кај нас ќе почне имунизацијата.

Првично беше договорено примопредавањето на донацијата на вакцини од Србија да се изврши во текот на денешниот ден, од српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот Зоран Заев, на граничниот премин Табановце, но беше одложено, како што информираа доцна синоќа од кабинетот на Вучиќ, заради неопходна дополнителна техничка документација. Заев вчера изјави дека за пет дена се очекуваат и 200 илјади вакцини од кинеската „Синофарм“.

Нив ги очекуваме на 15 или 16 февруари, земјава го регулира плаќањето за, како што рече премиерот, да може да се испланира пакувањето, обезбедувањето на превозот од Кина до Скопје. Од понеделник, односно во втората половина на месецов, треба да ги добиеме и првите дози од „Фајзер“ од директно склучениот договор со овој производител. – Отворени ни се механизмите на набавка на Фајзер, АстраЗенека и Модерна преку КОВАКС-системот.

Преку ЕУ секој ден очекуваме ново решение. Комесарот Вархеји најави 70 милиони евра, зборува дури и за авансно плаќање, само час поскоро да стигнат вакцините за Западен Балкан, рече Заев. За пријавување за вакцина против КОВИД-19, заинтересираните граѓани од вчера може да се регистрираат на веб-страницата https://vakcinacija.mk, за која имаше проблеми во функционирањето и се правеа завршни технички прилагодувања за целосна функционалност. Министерот Филипче синоќа на Фејсбук соопшти дека за само неколку часа на веб-страницата се регистрирале повеќе од 8.000 граѓани. На наведената веб-страница граѓаните треба да пополнат апликација за искажување заинтересираност за вакцинација против КОВИД-19, со што директно ќе се регистрираат во националниот систем „Мој Термин“.

– Сите апликации кои ќе пристигнат ќе бидат внесени во оваа база, со што ќе се ажурира податокот кој за секој пациент го гледа матичниот лекар. Нема потреба дополнително пациентите да го бараат или информираат својот матичен лекар дека се регистрирале за да примат вакцина. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, матичниот лекар ќе ги повика и ќе ги информира за точниот датум и час кога треба да се вакцинираат на пунктот кој ќе го изберат при регистрацијата,  информираше Министерството.

Може да се пријави секој граѓанин, а системот ќе генерира кои се приоритетни за вакцина. Вакцинацијата ќе почне со здравствените работници и со лица над 70 години.

Институтот за јавно здравје за периодот од 1 до 7 февруари бележи  4,8 отсто зголемување на бројот на тестирања во однос на претходната недела и 4,1 проценти повеќе позитивни случаи, односно за седум дена имало 2.120 нови позитивни од 34 градови во земјава. Најзастапена е возрасната група над 60 години (26,8 отсто), а следна по бројот на заразени е возрасната група од 30 до 39 години (19,9 отсто).

Зголемување од 3,1 отсто во однос на минатата недела има и кај смртните случаи причинети од КОВИД-19 – од 1 до 7 февруари биле пријавени 66 смртни случаи од 21 град,

ИЈЗ вчера соопшти дека според анализите од МАНУ, во последниот период се детектирани поголем број нови варијанти на вирусот кои претходно ги немало кај пациентите во нашата држава. Во текот на минатата недела до Институтот се пријавени 649 материјали секвенционирани за присуство на „британскиот” сој на SARS-CoV-2 од три лаборатории ( ИЈЗ, „Жан Митрев“ и МАНУ), а Министерството за здравство соопшти дека од нив, 56 се позитивни за присуство на новиот сој. Од овие резултати е забележано дека „британскиот” сој е присутен во осум градови, а најмногу се откриени во Охрид (25), Прилеп (10) и Кавадарци (4).

Во земјава вкупно се хоспитализирани  591 пациент позитивни и сомнителни на коронавирусот – во главниот град се 257, а во ковид-центрите во болниците низ земјава лежат 334. На располагање се околу 490 празни болнички кревети за ковид-пациенти.

Нови 389 случаи на КОВИД-19 беа евидентирани вчера во дневната статистика, потврдени од 2.445 направени тестирања во 24 часа. Починаа четири пациенти на возраст од 65 до 87 години. Регистрирани се 998 оздравени пациенти.

Од почетокот на епидемијата во земјава, пред речиси една година, направени се 476.725 тестирања. Бројот на дијагностицирани достигна 95.736, оздравени се 86.844, а починати 2.959 луѓе. Активни случаи има 5.933, од кои 2.778 се во Скопје. /МИА/.

Next Post

Предвремени избори нема да има, приоритети се пописот и локалните избори

НАЈНОВО

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

Утре посвежо со локален пороен дожд и грмежи, од вторник пораст на температурата

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk