ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи: Владата со директни средства ги поддржува домашните и странските компании

February 12, 2021 16:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Владата ги поддржува домашните и странските компании, особено во производството и модернизацијата на производствениот процес. Само лани имаше рекордни 654 милиона евра во директна поддршка на компаниите, од кои 25,6 милиона евра за странските компании кои работат во технолошко-развојните зони, изјави заменик претседателот на владата за економски прашања Фатмир Битиќи.

Тој заедно со директорот на Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони Јован Деспотовски ја посети компанијата „Гентерм“ во развојната зона кај Алинци, Прилеп и се сретна со менаџментот на „Гентерм.

– Владата како никогаш до сега, води грижа за постоечките инвеститори, работи на привлекување на нови инвестиции од странски компании, но и стимулирање на вложувања од страна на домашните компании, се во интерес на побрз и одржлив економски раст, но и подобар живот на граѓаните. Кога станува збор за мерките за поддршка, би сакал да потсетам дека лани обезбедивме рекордна директна поддршка во висина од околу 65 милиони евра, на компаниите кои се во производството и инвестираат во модернизација, технолошки развој, дигитализација и развој на човечкиот потенцијал. Од тие средства 25,6 милиони евра беа одвоени за странски компаниите кои работат во ТИР зоните, или надвор од нив, помеѓу кои е и Гентерм. Со ова покажуваме дека имаме исклучителна посветеност кон преземените обврски од Владата во однос на исплатата на финансиски средства кон компаниите, истакна Битиќи.

Тој ја пофали компанијата „Гентерм“, која далеку пред предвидениот рок во договорот успеала да ги реализира предвидените обврски од своја страна во однос на инвестициски циклус и достигнување на бројот на вработени, а од страна на Владата, некој начин, била наградена со предвремена исплата на субвенции за реализацијата на договорните обврски.

Битиќи додаде дека Владата ќе продолжи со креирање комплементарни политики со кои ќе се поттикнува бизнис секторот.

– Тоа подразбира директни финансиски субвенции преку мерките од Законот за финансиска поддршка, кој оваа година ќе биде изменет и ќе бидат олеснети условите за аплицирање, мерките на Фондот за иновации и технолошки развој, мерките од Агенција за вработување за дообука и преквалификација на работната сила, а тука се и многуте инфраструктурни проекти, како и измени во закони за царински и даночни олеснувања, што претставува еден сериозен комплекс на мерки со кои нашата економија ќе добие на многу поголема конкурентност, изјави Битиќи.

Директорот на ДТИРЗ, Јован Деспотовски, рече дека се промовира еден нов, подинамичен, понепосреден контакт и комуникација со инвеститорите.

– Овој нов квалитет во нашите односи, во односите на Владата со инвеститорите ќе продолжи и понатаму. Новиот квалитет го гледаме и во тоа што ги поттикнуваме компаниите не само да ги исполнуваат своите инвестициски планови туку да одат и побрзо со исполнување на роковите и во смисла на обем на инвестиција и во смисла на работни места, па дополнително она што е исто така многу важно и во смисла на зголемување на платите. Конкретно компанијата Гентерм е еден од позитивните примери коишто минатата година го достигна предвидениот број на работни места од над 2000 луѓе кои инаку по договорот за државна помош требаше да го достигне во 2024 година. Меѓутоа компанијата не беше сама во тој проект. Државата, Дирекцијата, Владата застана зад тоа и исто така пред време, значи четири години пред истекот на рокот си го исполни својот дел на обврската. Со тоа испраќаме порака, јасно, до инвеститорите дека да, сакаме да ги реализираат своите сопствени инвестициски планови и тоа да го направат побрзо и подинамично, смета Деспотовски.

Директорот на Гентерм, Андриј Хафинетс вели дека мисијата на компанијата е создавање и испорака на уникатни термални решенија кои ќе направат значителна разлика во секојдневниот живот, по пат на подобрување на здравјето, удобноста, комфорот и енергетската ефикасност.

– Нашата компанија произведува продукти главно за автомобилската индустрија, вклучувајќи напредни технологии за грејачи за седишта и волани, вентилатори, создаваме и технологии кои ја подобруваат енергетската ефикасност за хибридните автомобили, вклучувајќи системи за управување на светлосната енергија кои се клучните двигатели на успехот на Гентерм. Го цениме секое признание што го добиваме за нашите фер деловни односи со Владата и државните заложби со кои обезбедуваме добра деловна клима во регионот. Ги зголемуваме нашите производствени количини од година во година, а се зголемува и бројот на вработени. Во моментов компанијата брои над 2.000 вработени. Се надеваме дека бизнис климата ќе остане поволна, рече Хафинетс.

 

/МИА/
Next Post

Средба на Димитров со новоименуваната амбасадорка на Романија, Аксинте​

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Мицкоски најави реконструкција на Владата и промени во партијата по локалните избори

August 23, 2025
Фото: МИА

Симеон Мони Дамевски: Само со зголемено вложување во филмот ќе можеме да ја продолжиме нагорната линија на развој и успеси на македонскиот филм

August 23, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk