„Српската премиерка објави дека ги немаат добиено документите од Фајзер за да можат да ги извезат вакците од Србија кон нашата држава, и тоа се некои правила на кои се инсистира, на доверливи и директни договори со државата, да се избегнат локалните компании, сигурно ниту една реномирана компанија не сака да се препородава нејзин производ. Имаше најава дека денеска ќе се случи предавањето на вакцините, но ете, од оправдани причини не се случи. Очекуваме позитивен одговор од Фајзер околу ова, навистина еден убав гест на пријателство, тоа стана многу важно во овој период на пандемија.“ – изјави министеро за здравство, Венко Филипче, во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21.
Тој уште еднаш објасни дека сите држави се соочуваат со проблеми околу набавката на вакцините.
„Никаде во светот нема доволно или не стигнуваат вакцините на време, сите држави се соочуваат со истиот предизвик. Во контактите со Фајзер кога требаше да договараме ние бевме во групата заедно со Албанија и Босна и Херцеговина. Ако ги гледаме и другите држави во регионот, па дури и во Европа секаде оди бавно, и таа слика мора да се смени и оваа година да биде годината кога сите ќе имаат пристап до вакцини.“- дополни Филипче.