ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Северна Македонија е „колатерална штета“ на доцнењето на производството на вакцини во Европа

February 12, 2021 15:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија е колатерална штета на процесот што не ги исполни очекувањата во однос на испораката на вакцините против Ковид-19, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за белгискиот весник „Ла Либр“, потенцирајќи го при тоа неуспехот на „фармацевтските фирми да ги исполнат нивните обврски”.

– Земјата уплати 800.000 дози вакцини во рамките на КОВАКС механизмот. И има, исто така, директен договор со „Фајзер“ за 800.000 дополнителни дози. На овој начин сметавме дека сме сигурни и покриени со 1,6 милиони дози и дека тие се повеќе од доволни за да се имунизира нашето население. Но, сè уште не сме добиле ништо, вели Османи.

Тој потенцира дека, за жал, земјите од регионот на Западниот Балкан се влезени во регионален натпревар за добивање вакцини и со таа станаа предмет на геополитичка конкуренција за прашањето за вакцините.

– Владата одлучи да купи 200.000 вакцини од Кина, но нашата цел е да се заштитиме од овие геополитички размислувања. Идејата е да се започне кампањата за вакцинација. Се надеваме дека ова е само привремено решение сè додека конечно не ги добиеме платените вакцини, додава Османи.

Според него, во регионот преовладува чувството е дека земјите од Западниот Балкан требаше да бидат дел од европската програма за имунизација уште од самиот почеток.

– Ова ќе беше вистинскиот пристап за ЕУ. И вистински начин ЕУ да комуницира стратешки во регионот. Но, ние сме во време на криза. Не е секогаш можно да се предвиди сè однапред, вели Османи.

Тој потсетува дека од појавата на пандемијата на Ковид-19 регионот доби голема поддршка преку механизмите за солидарност на ЕУ или НАТО и беше интегриран во механизмите за набавка на санитарна опрема, со што земјите од Западниот Балкан добија чувство дека се дел од Унијата, но таквиот впечаток не продолжи и кога започна вакцинацијата.

– ЕУ требаше да сфати дека за Балканот брзината на кампањата за вакцинација беше поважна од вкупната количина на дози. Требаше да се биде сигурен дека кампањата може да започне на Балканот во исто време (со ЕУ). Тогаш заедно ќе се адаптиравме на отсуството или одложувањата во испораките на дози, смета Османи.

Шефот на македонската дипломатија во интервјуто се осврнува и на бугарската блокада за старт на преговорите на земјава за членство во ЕУ, потенцирајќи дека ветото од Софија изненадило многумина и предизвикало разочарност.

– Но, ние не оставаме простор за разочараност. За нас, нема друга алтернатива, освен членството во ЕУ. Затоа е нужно да одиме напред. За ова да биде возможно, ни треба порационален пристап. Прашањата што треба да се решат се историски и затоа се нужно емотивни. Треба да вратиме одредена рационалност во комуникацијата. Можеме да дебатираме за историјата, не од перспектива на ревидирање на идентитетите, туку од аспект на едукативна перспектива во насока на отстранување на стереотипите од минатото што создаваат нетрпеливост меѓу општествата. Сето ова, за да се користи историјата како мост, а не како ѕид, вели Османи.

Тој потестува дека Договорот за добрососедство, што Скопје и Софија го потпишаа во 2017 година, предвидува дека Бугарија ќе ги поддржува евроатлантските интеграции на Северна Македонија и дека врз основа на спогодбата беше формирана заедничката комисија за историски и образовни прашања.

– Комисијата за две и пол години постигна договор за два временски периода и пет историски личности. Ова е чекор напред, имајќи предвид дека во текот на изминатите три децении, двете земји не беа во можност да се договорат за една реченица, за тоа како да се опишат историските настани и личности. Ова е добра основа за да истраеме, додава Османи.

Според министерот за надворешни работи, земјава е тест за кредибилитетот на процесот на проширување, бидејќи 20 години правеше компромиси што дури и земјите членки не би ги направиле за да започнат преговори за членство во ЕУ.

– Но, непредвидливоста стана нова карактеристика на овој процес, а таа го става во опасност и го загрозува кредибилитетот на овој процес, што пак од друга страна е клучен елемент во трансформацијата на земјите од балканскиот регион… Колку повеќе се нарушува кредибилитетот на проширувањето, толку повеќе ослабува регионот и го изложува на влијанието на други актери, нагласува Османи.

Тој потенцира дека балканскиот регион е географски, историски, културолошки и економски поврзан со ЕУ.

– Ако ја погледнете картата, регионот на Балканот не е соседен регион на ЕУ. Тој е во срцето на ЕУ, во смисла дека е опкружен со земјите-членки на ЕУ и НАТО. Јас дури и не би зборувал за „проширување“, туку за „комплетирање“ на ЕУ. Регионот претставува додадена вредност за ЕУ, не само економски, туку и од аспект на безбедноста. Ова го прави регионот привлечен за други сили и го прави цел на различни влијанија, заклучува министерот Омсни во интервјуто за „Ла Либр“.

 

 

/МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Х. Мицкоски ФБ

СДСМ: Касно му е на Мицкоски да признава дебакл на Владата – кој ќе одговара за хаосот што го создаде?

May 18, 2025

Орбан му се пожали на Руте и побара НАТО да го спречел „клеветењето“ од Украина

May 18, 2025
Фото: Кабинет на претседател на Украина

Зеленски му испрати писмо на Трамп со предлози за соработка во областите на одбраната и трговијата

May 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk