ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Руски адвокат претставен како непостоечки професор од Скопје и искористен за реклама за лек за притисок

February 12, 2021 12:08
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Фотографија од познат руски адвокат е злоупотребена за претставување на измислен професор „Миодраг Атанасовски од Универзитетска клиника во Скопје, раководител на одделение за васкуларна хирургија“. Атанасовски го нема ниту во шифрарникот на лекари специјалисти, кои работат во јавните и приватните здравствени установи. Во објавата што се шири на Фејсбук, нему му се даваат чудесни перформанси – имал извршено 1.800 операции на отворен мозок, а најмладиот пациент што го оперирал имал само 2 дена, пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа.

Комплетно исфабрикувана реклама за производ, ја доведува во заблуда јавноста, претставувајќи чудотворен препарат за висок крвен притисок. Притоа се накалемува изјава за наводната делотвроност на производот, дадена од измислен „професор” од Скопје, за кој се користи фотографија, ни помалку ни повеќе, туку од проминентниот руски адвокат Хенри Резник.

Во манипулативниот рекламен текст, кој е илустриран со Резник, тој не е претставен како познат руски адвокат, истражувач на криминал и криминолог, претседател на президиумот на московската асоцијација, титули кои во реалноста му припаѓаат. Во овој исфабрикуван текст, тој е претставен како „професор Миодраг Атанасовски од Универзитетска клиника во Скопје, раководител на одделение за васкуларна хирургија”. Лажната фотографија е поставена за да се максимизира и оптимизира кредибилноста на изјавите пренесени во текстот, за да му се даде „лице“ на зборот, односно за изјавите да се поврзат со личност.

Рекламата е за препарат наречен „Детоник“, за кој во текстот се тврди дека го продолжува животот од 12 до 17 години, безопасен е како чај, поминал истражувања во Јапонија и Израел, но и на Институтот за кардиологија кај нас во Македонија.

Меѓутоа, во С. Македонија не постои Институт за кардиологија. Има само Универзитетска клиника за кардиологија, каде што не постои професор со име Миодраг Атанасовски. Прв индикатор дека доктор со такво име не постои, уште помалку професор, е тоа што пребарувачот Гугл не го пронаоѓа ова име и не дава ниеден резултат за него, освен спорната реклама која ја рецензираме.

Освен тоа што Гугл не го пронаоѓа, непостоечкиот професор Атанасовски, го нема ниту во шифрарникот на лекари специјалисти кои работат во јавните и приватните здравствени установи. Целата листа погледнете ја овде.

Истовремено, на овој лажен идентитет – непостоечкиот професор Атанасовски, му се даваат чудесни перформанси. Тој како што лажно тврди рекламата, имал извршено 1.800 операции на отворен мозок, а најмладиот пациент што го оперирал имал само 2 дена.

Исто така, за препаратот кој се рекламира под името „Детоник“, лажно се тврди дека му била дадена финансиска помош од државата за да може да се произведува во поголеми количества. Сепак, овој препарат го нема регистрирано во регистарот ниту на лекови, ниту на медицински средства на МАЛМЕД, официјалната државна агенција за лекови и медицински средства во Македонија.

Не навлегувајќи во тоа дали препаратот е делотворен или не, нашето истражување за овој текст покажува дека фотографијата со лажен идентитет, како и непостоечките референци за извесниот Миодраг Атанасовски, се искористени за неговото рекламирање. Згора на тоа, се тврди и дека препаратот добил државна помош, што не е точно, пишува Вистиномер.мк.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

July 18, 2025
Фото: Муцунски ФБ

Муцунски на бизнис форум во Лондон: Британските компании да ги истражат можностите кои ги нудат македонскиот пазар и економија

July 18, 2025

Најмалку 33 лица загинаа во удари од гром во североисточна Индија

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk