ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За колективен имунитет 60 до 70% од населението треба да се вакцинира, ова е генерално правило за имунизација и може да ја смени сликата со вирусот

February 12, 2021 07:13
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА

Министерот за здравство Венко Филипче во вчерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21, зборуваше за вакцините и стекнувањето на колективниот имунитет.

Во контекст на тоа, Филипче истакна дека претпоставките се дека за колективен имунитет 60 до 70% од населението треба да се вакцинира, што впрочем е генерално правило за имунизација и нешто што сериозно може да ја смени сликата со вирусот.

-Тоа што светот не го знае е како ќе се димензионираат превентивните мерки понатаму и по вакцинацијата, истакна Филипче.

Во однос на реакциите по вакцината, Филипче рече дека нема нешто што отскокнува, нешто ризично или застрашувачки. Реакциите се вообичаени, досега нема публикации кои укажуваат на нешто невообичаено во споредба со другите вакцини. Конкретно, рече Филипче, во 2019 во МАЛМЕД од други вакцини има само еден случај на несакани дејства и нагласи дека станува збор за прилично сигурен начин и развој на вакцини.

-Станува збор за имитација на инфекција, значајно ослабен вирус, тоа што може да се случи е мала треска, температура, црвенило. Не е публикувано за некакви сериозни несакани дејства.- рече Филипче.

Во однос на временскиот опсег, колку време вакцината штити од инфекција, Филипче посочи дека од она што досега се знае, станува забор за период од 6 до 9 месеци.

-Останува да видиме како ќе се одвива степенот на имунизацијата, колкав ќе биде титарот и дали можеби ковид-19 ќе помине во форма на некаква сезонска инфекција. Досега се прилично сигурни доказите дека сосема е доволна количината на антителата од вакцината за да го заштитат лицето од инфекција.

На прашањето дали треба да се вакцинираат и луѓето кои прележале Ковид-19 и дали тоа што ја поминале болеста ги штити од повторна инфекција, Филипче потсети дека во изминатиот период гледавме многу различни сценарија во епидемиолошката,  клиничката и пост ковид слика. Во смисла на асимптоматски пациенти, пациенти со лесна клиничка слика, средна форма на болеста лица кај кои болеста завршила со летален исход.

Така што и во пост ковид, сценаријата се ралични – луѓе со антитела и висок титар, понатаму пациенти со низок титар, луѓе кои прележале и имаат антитела, но повторно се заразиле. Во контекст на ова, Филипче рече и луѓето кои ја прележале болеста можат да се вакцинираат.

Филипче заклучи дека во однос на ковид-19 допрва ќе треба да учиме и анализираме, а медицинската наука ќе треба да даде одговор на уште многу прашања.

 

Next Post

Сончево и студено, во некои делови и преку денот под нулата

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk