ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Посакувам противкандидати на изборот, Боки 13 е криминалец потврден со судска пресуда

February 12, 2021 15:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Постапката за кандидатурите ќе почне набрзо. Правилата се јасни за да бидете претседател на СДСМ прво треба да бидете член на СДСМ, второ треба да имате барем пет години членство и тоа активно и на афирмирани позиции. Посакувам противкандидати на изборот заради тоа што првпат сите членови на СДСМ бираат претседател на својата партија, изјави денеска во Тетово премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.

На новинарско прашање како ја коментира изјавата на Бојан Јовановски – Боки 13 дека ќе се кандидирал за претседател на СДСМ, го оцени како правење претстава од, како што рече,  криминалец потврден со судска пресуда.

-Јас одговорив. Еве пак ќе кажам, значи бандити и криминалци останува веројатно да прават шоу во делот на шоуто кое што и претходно го правеле. Процесите, заради тоа што премиер го пријавил случајот и заради тоа што премиер по сите основи не се ни осудил да прифати барање да му се помогне на Боки 13, туку како и сите граѓани си одговара по основа на закон, по буквар како што се вика, како што и секој во државата треба да одговара. Веројатно се случуваат веќе вакви шоу од страна на шоуменот Боки 13, односно криминалец потврден со судска пресуда во овој дел. СДСМ има квалитетни кандидати. Секако, јас сум сегашен претседател на партијата, мојот мандат завршува оваа година, втор мандат имав чест да и служам на оваа голема партија две години. Нашата постапка ќе почне многу набрзо во делот на кандидатурите и ќе зборуваме за се кој тоа ќе бидат кандидати во СДСМ. Правилата се јасни за да бидете претседател на СДСМ прво треба да бидете член на СДСМ, второ треба да имате барем пет години членство и тоа активно и на афирмирани позиции, рече Заев.

Според него, во партијата има плејада на такви наши сограѓани кои можат да се кандидираат.

-Верувам дека благодетот од придобивките, солидарноста, правичноста, од она што значи владеење на правото и еднаквоста во државата со политиките коишто ги проектираме, ги спроведуваме и ги ветуваме за периодот којшто престои пред нас ќе има доволно привлечност за многу луѓе да и членуваат на оваа партија, а преку тоа секако ќе имаат можност да се кандидираат и за претседател на СДСМ. Јас сакам да имам противкандидати на изборот заради тоа што првпат сите членови на СДСМ бираат претседател на својата партија. Убаво е да имам противкандидат, тоа е демократски секако уште потврдено, но секако тоа е право на сите коишто сакат да се кандидираат, истакна Заев кој денеска во Тетово учествува на консултативен состанок со претставници од компаниите, локалната самоуправа и средните стручни училишта во градот како дел од процесот „Учи паметно, работи стручно“, за унапредување на стручното образование според потребите на реалниот сектор.

 

/МИА/
Next Post

Заев: Се надмина бројката на 50.000 реевидентирани членови на СДСМ, следуваат внатрепартиски непосредни избори

НАЈНОВО

„Охрид SOS“: Продолжува бришењето на јавниот интерес со потпис на градоначалник и министер

August 18, 2025

ФИФА има намера да го прошири форматот на Светското клупско првенство

August 18, 2025
Хамас. Фото: Принтскрин

Хамас доби нов предлог-договор за прекин на огнот во Газа

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk