ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев за„Учи паметно, работи стручно“: Повеќе од 450 компании до сега се подготвени да обезбедат пракса за средношколците од стручните училишта

February 12, 2021 17:20
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Премиерот Зоран Заев денес во Тетово беше гостин на дебатата која ја организираше Министерството за образование со поддршка на Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија.

Темата на дебатата беше реформата во образованието со посебен аспект на стручното образование под слоганот: „Учи паметно, работи стручно“.

„Владата на Република Северна Македонија како дел од своите приоритетни агенди во својата програма го стави и социјалниот дијалог преку кој ќе ги идентификуваме потребите на пазарот на труд и ќе направиме модификации во образовниот систем. Ова го правиме за да ја намалиме хиперпродукцијата на непродуктивни кадри, и за да го стимулираме образованието, насочувањето и градењето на високостручни кадри. Кадри кои веднаш се подготвени да одговорат на современите потреби на новата македонска економија. Овој социјален дијалог помеѓу сите страни кои директно и индиректно се вклучени во овој процес е круцијален за да може да носиме одлуки базирани на факти, а не на претпоставки”, истакна премиерот Заев на дебатата.

Заменик-министерот за образование, Арафат Шабани во своето излагање истакна дека Министерството за образование и наука е во процес на  усогласување на наставните програми кои се работат како одговор на потребите на бизнисот секторот.

„Низ настава комбинирана со пракса да одговориме на долгогодишните барања на реалниот сектор за потребата од одредени профили, но и да ја зголемиме вработливоста на младите на локално ниво. Во учебната година 2021/2022 се очекува дека приближно 10.000 ученици ќе имаат побарувања за реализација на учење преку работа во компаниите, а од 2022/2023 таа бројка на ученици ќе биде приближно 20.000 ученици. Целта на новиот концепт учење преку работа во Република Северна Македонија e да се обезбеди училиштата, работодавачите и институциите да започнат со воедначен пристап во имплементацијата на учењето преку работа, посебно за училиштата во кои се пилотираат трите квалификации, но и да помогне во реализацијата на феријалната практика“, нагласи заменик министерот за образование Арафат Шабани.

На дебатата во која учествуваа и швајцарската амбасадорка Сибил Сутер, градоначалничката на Тетово Теута Арифи, и претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија Неби Хоџа, како и гости од средните стручни училишта и бизнис заедницата се разговараше и околу досегашната успешна соработка со бизнис секторот во која се издвои информацијата дека повеќе од 450 компании до сега се подготвени да обезбедат веднаш пракса за средношколците од стручните училишта во државата.

Преку отворен дијалог и реформа која се спроведува низ отворена и инклузивна дебата ќе биде овозможено обезбедување на квалитетни кадри кои брзо и едноставно ќе се вклучат на пазарот на работна сила и активно ќе учествуваат во градењето на современата македонска економија.

Серијалот дебати е помогнат од страна на Швајцарската амбасада која издвојува финансиски средства за овие програми и реформи и е активен чинител со своите искуства.

Next Post

Јапонија обезбеди вакцини на Фајзер, но нема шприцеви за нив

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk