ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Стамов: Во статутот нема никаква пречка за одржување, и самиот Мицкоски беше избран на вонреден конгрес

Не е тајна дека внатре во партијата има незадоволство и фрустрации. Мицкоски вели дека победил на последните избори, но сепак реалноста е друга. Не може да го држите членството во неизвесност со изборни порази и да очекувате поддршка. Демократски и фер е тој самиот да биде самокритичен, да ја погледне вистината какава што е. Ќе му се заблагодариме што ја водел партијата во исклучително тежок период и ќе избереме нов лидер, вели Стамов.

February 13, 2021 08:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Обезбедено е присуство на 2/3 од делегатите, од вкупно 511 за вонредниот конгрес кој ќе се одржи на 28 март и оваа одлука е конечна и усвоена, изјави во интервју за Макфакс Борче Стамов, еден од членовите на Иницијативниот одбор за свикување на вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека со самиот факт што на иницијативата поддршка дале толкав број членови, конгресот е легитимен, во согласност со партискиот статут и ако делегатите изгласаат недоверба на Мицкоски, тој ќе треба да си замине.

„Не знам зошто Мицкоски се плаши од најавата за вонреден конгрес, сосема легитимно е по бројните изборни порази да поднесе отчет пред членството, пред тие исти делегати коишто го избраа во 2017 година. Во статутот нема никаква пречка за негово одржување, а впрочем и самиот Мицкоски беше избран на вонреден конгрес. Очигледно се исплашија од нашата иницијатива и веднаш најавија дека конгрес ќе има во ноември, редовниот што треба да се одржи. Ние сме на ставот дека е доцна за конгрес во ноември и дека внатре партиските работи треба да си ги средиме пред локалните избори, зашто ако не го обединиме членство и не кренеме во реформи, немаме шанси за добар изборен резулта“, рече Стамов.

Стамов не беше прецизен дали меѓу делегатите има од раководството блиско до Мицкоски, но рече дека постои сериозно незадоволство во партијата и од нив, па ги повика сите кои сметаат дека треба да се гласа довереба на лидерот, да дојдат на конгресот.

„Не е тајна дека внатре во партијата има незадоволство и фрустрации. Мицкоски вели дека победил на последните избори, но сепак реалноста е друга. Не може да го држите членството во неизвесност со изборни порази и да очекувате поддршка. Демократски и фер е тој самиот да биде самокритичен, да ја погледне вистината какава што е. Ќе му се заблагодариме што ја водел партијата во исклучително тежок период и ќе избереме нов лидер“, вели Стамов.

Како што објасни тој, главната задача на овој партиски настан ќе биде да се дебатира за сработеното на Мицкоски и гласање дали да остане или не на функцијата. Паралелно ќе има оглас и за избор на нов лидер на кој може да се пријават членовите кои имаат програма, визија и капацитет да го обединат членството на ВМРО-ДПМНЕ кое со години е раздвоено на „за“ и „против“ оваа раководство. Очекува Мицкоски да ги прифати одлуките од конгресот бидејќи, како што рече, не е добар чекор, една партија по судски пат да се докажува дали треба да си го смени лидерот.

Извор: Макфакс

Next Post

До крајот на денот снежна покривка насекаде

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk