„Повеќе од 20 години Германија ја поддршува С. Македонија со финансиската соработка која оди преку државната KfW банка. Македонија има ставено на располагање 500 милиони евра за развој од кои половината од нив беа во енергетскиот сектор. Главен елемнт во соработката е првата ветерна централа кај Богданци. Сега се работи на втора фаза на овој ветерен парк, која исто така оди преку KfW банка.“, истакна германската амбасадорка во С. Македонија Анке Холштајн при потпишувањето на договорот за грант од Германија наменет во обновливи извори за енергетска транзиција.
Германската амбасадорка нагласи дека Владата е на вистинскиот пат и дека во Германија многу јасно се гледаат напорите кои С. Македонија ги прави со реформите во енергетскиот сектор.
„Во Германија јасно се гледаат предностите што ги право С. Македонија во реформите на енергетскиот сектор и особено во регулирањето во рамките на енергетската заедница. Владата е на вистинскиот пат. Таа се бори за странски директни инвестиции за обновливи извори на енергија, но исто така поддржува зелени инвестиции во јавниот сектор и ЕСМ.“, рече Холштајн.
Таа додаде дека овие активности се во контекст на Зелениот договор на ЕУ со цел на македонската влада да ѝ се овозможи да помине со енергетската транзиција подобро.
„Германија тука става 80.5 милиони евра на располагање за обновливи извори на енергија преку поволни кредити. Подготовката на оваа програма ја поддржуваме со 2.4 милиони евра дополнителни средства кои денеска ќе ги потврдиме со нашава спогодба и на тој начин ќе ја стартуваме оваа програма за енергетска ефикасност во која се вклучени зелени технологии и конвенционални хидроцентрали, ветерници но и соларни електрани “, потенцира амбасадорката Холштајн.
Договорот го потпишаа генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на KfW за Северна Македонија и Косово, Рене Ешеман. Обраќање имаше и премиерот Зоран Заев.
J. Ѓорѓиоски