ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

РСБСП: Техничка проверка на возилото пред патување во зимски услови

February 15, 2021 11:07
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Со оглед на фактот дека временските услови во зима значително влијаат на безбедноста на патниот сообраќај, особено важно е возилото да биде технички исправно. Затоа, пред да тргнете на долго патување во зима, најпрвин потребно е да направите техничка проверка на возилото и тоа: на гумите, на бришалите и грејачите, системот за ладење, акумулаторот и светлата. потсетуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Според РСБСП, како што опаѓа надворешната температура, така се намалува и притисокот во гумите, па се препорачува да се направи проверка на притисокот во нив дали е подеднаков и согласно препораките.

-Проверувајте го притисокот на воздухот во гумите кога се ладни, што значи кога автомобилот не е управуван најмалку три часа. Проверувајте ги гумите најмалку еднаш месечно и пред секое долго патувања. Не заборавајте да ја проверите и резервната гума. Треба да ги прегледате гумите и да проверете за евентуално нивно оштетување. Проверете ја шарата и страничните ѕидови да не имаат какви било исеченици, дупки, испакнатини, стружења, пукнатини или испакнатини. Во случај да видите каква било штета, oднесете го вашето возило кај професионалец за сервисирање гуми за понатамошна контрола, сугерираат од РСБСП.

Се препорачува да се провери и староста на секоја гума. Некои производители на возила препорачуваат гумите да се менуваат на секои пет години без оглед на тоа колку се употребувани. И секако, да не се заборави дека во зима најдобро и најбезбедно е да се вози со зимски гуми.

За бришачи и грејачи, се наведува, бидете сигурни дека работат грејачите во возилото, грејачите на ветробранското стакло и бришачите. Добрата видливост на патот е клучна за безбедно управување на возилото. Поради неисправни грејачи или бришачи многу често во зима доаѓа до замаглување на ветробранското стакло или до несоодветно чистење на стаклото при врнежи од дожд или снег. Затоа отстранете ги неисправните и истрошените бришачи и можеби не е лошо да размислите за монтирање на тешки зимски бришачи, особено ако патувате во области каде што има многу снег и мраз.

-Осигурете се дека резервоарот за течност за бришачите е полн со висококвалитетна „зимска“ течност за бришачите.

Кај системот за ладење препорачуваат – проверете дали имате доволно течност за ладење во моторот на вашето возило и дали течноста одговара на надворешните температури и на спецификите на системот за ладење на возилото. Вие или механичар треба да проверите дали има протекување на системот за ладење, да ја тестирате течноста за ладење и да ја замените старата течност за ладење доколку има потреба.

Сервис на возилото – Посетете го вашиот механичар и проверете дали има протекување, истрошени црева или други потребни делови, поправки и замени.

Акумулатор – Кога температурата паѓа, паѓа и енергијата на батеријата. Во зимски услови и ниски температури потребно е поголема енергија од батеријата за да го стартувате возилото. Нека вашиот механичар го провери акумулаторот, системот за полнење и ремените и нека ги направат сите потребни поправки или замени.

Светла – Проверете ги фаровите, светлата за сопирачките, трепкачите, трепкачите за вонредни состојби и внатрешните светла.

Знајте се за вашиот автомобил–прочитајте го прирачникот за возилото – Прочитајте го упатството за вашето возило за да се запознаете со безбедносните карактеристики на возило – како што се сопирачките и електронската контрола на стабилноста– и информирајте се како функционираат во зимски услови.

Помошен алат – Лопата, метла, стругалка за мраз, спреј за одмрзнување на брави, кабли за акумулатор, кофа со песок, фенерче, ќебе, мобилен телефон со полнач, вода, храна и каков било неопходен лек, резервен клуч…. Сите тие работи може да ви завршат голема работа кога патувате во зима и се наоѓате во некоја непријатна ситуација.

-Направете задолжителна техничка проверка на возилото во зима и пред да тргнете на подолг пат во зима задолжително информирајте се за условите на патот и за временската прогноза, советуваат од РСБСП.

 

/МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Голдберг варијациите“ на Бах во изведба на Дино Имери – утре во Виена

June 12, 2025

Мицкоски: Со новиот закон ќе се намали бројот на автомат-клубови за игри на среќа

June 12, 2025
Скриншот

Се урна авион на Ер Индија со повеќе од 240 патници

June 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

    Османи до Мицкоски: Можеш да вреѓаш, да се закануваш и да фрлаш клетви, но ние Албанците не сме гости во оваа земја туку домаќини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како да живеам со оваа тишина за Газа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова за НоваТВ: Поднесов кандидатура во СДСМ за градоначалник на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако некој некогаш праша – нас нè има таму

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами вели дека има места во Владата за нови политички партнери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk