ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ристовска: Последиците од незаконското прислушкување се од огромни размери

February 16, 2021 15:29
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамките на незаконски прислушкуваните разговори биле следени три категории на лица, таргети, лица соговорници и оштетени лица, односно лица под посебни истражни мерки, сподели денеска обвинителката, Ленче Ристеска во завршните зборови за случајот „Таргет-Тврдина“ и нагласи дека следените доживеале најголема штета поради фактот дека биле следени и пред, и по ПИМ мерките.

Ристоска образложи дека исказот докажува во кои сѐ сфери е вршено обезбедување на целосна контрола на сите процеси во државата, политички, бизнис, медиумски итн.

Од следењето во политичките структури, таа го истакна незаконското прислушкување на Фросина Ташевска Ременски, а од бизнис заедницата ги нагласи сведоштвата на незаконски следните Јовица Ѓуриќ и Зоран Лалиќ, сопственици на правни лица околу трговија со воена опрема кои, според нив причината за прислушување ја наоѓаат во фактот дека вршеле безбедносна дејност.

Обвинителката ги наведе и сведочењата на јавниот обвинител од Битола, Стевче Тасевски како и адвокатот Трајче Арсов, кој изјавил дека секојдневната доверлива комуникација со клиенти која била незакпнски прислушкувана му нанела голема професионална штета. Таа го спомена и Хари Костов во однос на прислушкувањето на банкарските гаранција за клиенти од банката кои сакале да аплицираат на тендери. Бизнисменот Зоре Темелковски своевремено претседател на македонско-бугарската комора изјавил дека бил сигурен дека бил предмет на следење во еден момент кога му се јавиле од МВР со насоки да не ги критикува економските политики во државата.

Ристоска нагласи дека и четвртата власт не била воопшто поштедена од незаконското следење, па така биле следени повеќе новинари кои се критички настроени. Тука спомена повеќе новинари помеѓу кои Васко Попетревски, Горан Михајловски, Сашка Цветковска, Саше Димовски, Драган Антоновски и многу други кои на почеток од 2015 година добиле папка со транскрипти во кои биле образложени разговорите на новинарите со колегите.

Желбата за сеопфатна контрола, според Ристовска, придонела за тоа, предмет на прислушкување да бидат и други лица, луѓе од службите на државата, невладините организации како и останатите неистомисленици.

Помеѓу нив биле: Марјан Младеновски, командир на полициската станица Ѓорче Петров, кој забележал дека е прислушкуван при обид да достави проблемска информација и критички односи, потоа Бојан Величковски началник од полициската станица во Карпош и Ламбе Бучков, началник за недозволена трговија со дрога кој и по неговото пензионирање бил прислушкуван и следен.

– Последиците од незаконското прислушкување се од огромни размери, не само за приватноста на луѓето кои биле прислушкувани туку и за последиците кои се настанати во општеството и општествените процеси, изјави денеска при завршните зборови обвинителката Ленче Ристоска.

Завршните зборови на обинителството за случајот „Таргет-Тврдина“ продолжуваат по паузата. 

 

/МИА/
Next Post

Поддршка од 1,92 милијарди денари за плати во февруари и март, или кредити со нула камата

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk

ПРВА ЛИНИЈА