Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното интервју рече дека според денешните најнови информации дури 50 отсто од тестираните примероци на корона вирус биле од британскиот сој.
-Се поголем е процентот, на тестираните примероци од јануари па наваму, најновите бројки покажуваат дека 50 проценти од позитивните тестови припаѓаат на британскиот сој. Затоа сме внимателни со опуштањето, бидејќи на пациентите со овој тип на корона вирус почесто им е потребна хоспитализација, односно полесно се пренесува. Вкупно досега во Македонија се детектирани 30 мутации на корона вирусот, рече Филипче.