Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски денеска оствари работна средба со евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир.
На средбата, како што соопшти АВМУ, се дискутираше за повеќе различни прашања поврзани со надлежностите на Агенцијата.
-Фокусот беше ставен на тековниот процес на измени на Изборниот законик, активностите на Агенцијата кои произлегуваат од законите за медиуми и нејзиниот капацитет за реализација, планираните медиумски реформи, потребата од усогласување на домашната медиумска легислатива со европската Директива за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, се вели во соопштението.
На средбата, како што се наведува, беше констатирано дека меѓусебната соработка е од исклучително значење и дека со ваквата пракса треба да се продолжи и во иднина.