ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Вишеградската група бара од ЕУ да ги принуди фармацевтските компании за побрза испорака на вакцините

February 17, 2021 18:06
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото:  EPA-EFE/ Leszek Szymanski

Фото: EPA-EFE/ Leszek Szymanski

Share on FacebookShare on Twitter
Премиерите на земјите од Вишеградската група, на денешниот состанок во Краков, побараа од Европската комисија да ја искористи својата економска моќ и итно да изврши притисок врз фармацевтските компании да испорачаат вакцини против коронавирус на Европската унија во согласност со договорените обврски.

– ЕК мора да ја искористи економската моќ на ЕУ за да изврши притисок врз овие големи корпорации. Имаме договорено вакцини, плативме милијарди евра однапред, од нив го финансираа истражувањето, а се покажа дека овие компании ги злоупотребуваат недоволно конкретните одредби на договорот, рече полскиот премиер Матеуш Моравјецки на прес-конференција.

Моравјецки, кој е домаќин на самитот на Вишеградската група, кој, покрај Полска, го сочинуваат Унгарија, Словачка и Чешка, истакна дека ЕУ, која прва го финансираше развојот на вакцините, треба да ги има во што поголем број.

– Веќе во март, април, не во јули кога ќе има вишок вакцини. Мора да имаме што е можно повеќе до мај, рече Моравјецки.Чешкиот премиер Андреј Бабиш побара од ЕК да најде начини фармацевтските компании да престанат да извезуваат вакцини произведени во ЕУ се додека не ги исполнат своите обврски кон европските земји од кои однапред добиле големи средства.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел рече дека ја споделува загриженоста на премиерот на Вишеградската група поради недоволната испорака на нарачани вакцини и дека зголемувањето на производството и итната испорака на вакцините ќе бидат тема на видео конференција на шефовите на држави или влади на ЕУ следната недела.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан и словачкиот премиер Игор Матовиќ побараа денеска во Краков да престане политизацијата на вакцините.
– Ние сакаме вакцини брзо. Се разбира, иако ја почитуваме безбедноста, брзината е поважна од цената. Треба да го ослободиме прашањето за вакцини од геополитиката. Постои само една вакцина – онаа што може да ги заштити луѓето. Не постои источна вакцина, има само добра или лоша, рече Орбан.

Словачкиот премиер Матовиќ рече дека заштитата на граѓаните не може да се поврзува со политиката.
– Вирусот не избира вакви или онакви политички ставови. Наша обврска е да ги заштитиме животите на луѓето, без оглед од каде потекнува вакцината, рече Матовиќ.
Премиерите на Вишеградската група побараа помош од Шарл Мишел за обезбедување проток на стоки преку внатрешните граници во ЕУ и во услови на пандемија, а чешкиот премиер Андреј Бабиш ја критикуваше Германија за затворањето на границите кон неговата земја и ЕУ затоа што нема план за Западен Балкан или проширување на Шенген зоната.
Вишеградската четворка, која започна како Вишеградска тројка пред распадот на Чехословачка, годинава слави 30 години регионална соработка во неформалната група, која започна во Вишеград, Унгарија, на 15 февруари 1991 година, со тогашниот полски претседател Лех Валенса, чехословачкиот Вацлав Хавел и унгарскиот Јозеф Антал.
Целта на групата беше прво да се приклучи на НАТО и на ЕУ преку регионална соработка, а опстана до денес како платформа за заеднички став во рамките на ЕУ. /МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Русија и Украина не постигнаа договор за прекин на огнот, ќе има размена на војници и цивили

July 23, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ЕУ го отвора патот за Албанија за последното поглавје од преговорите

July 23, 2025

Каранфилова Пановска: Штетна е Резолуцијата што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ, отвора прашање за јазикот што веќе е затворено

July 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на CNN

    (ВИДЕО) CNN eксклузивно: Новооткриените фотографии и видео ги потврдуваат врските на Трамп со Џефри Епштајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ го отвора патот за Албанија за последното поглавје од преговорите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk