ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Деми Ловато: „Имав 3 мозочни удари, инфаркт и имам оштетување на мозокот поради предозирањето со дрога во 2018“

February 18, 2021 20:06
in LIFESTYLE, ДЕНЕС

„Предозирањето ми предизвика оштетување на мозокот и до денес се справувам со ефектите од тоа. Не возам автомобил затоа што има места во видното поле кои ми се слепи“, се исповеда Деми.

Деми Ловато (28) отворено говори за уништувачките ефекти кои ги имало врз неа предозирањето со дрога од 2018 година, за која се верува дека најверојатно е херoин. Таа тврди дека била на чекор од смртта.

Пејачката во најавата за новиот документарен филм „Dancing With The Devil“, кој ќе има премиера на 23-ти март, открива морничави детали од тоа што доживеала.

„Имав три мозочни удари. Имав срцев удар. Мојот доктор рече дека ми преостануваат уште само 5 до 10 минути живот“, е дел од исповедта на Деми во серијалот од 4 епизоди.

Во видеото се појавуваат и нејзините пријатели кои погодуваат дали станува збор за предозирање со хероин и на тој начин Деми индиректно потврдува дека станува збор за оваа дрога.

Потоа на екранот се појавува тетовираната дланка на Деми со инфузија во болница, а на лентата пишува 20 август 1992, односно денот на раѓање на Деми, како и 24 јули 2018, денот кога била примена во болница.

Додека зборува за инцидентот кој ѝ го променил животот неа, на нејзиното семејство и пријатели, Деми својата истрајност ја споредува со онаа на мачка со 9 животи.

„Имав многу животи, како мојата мачка. Но, знаете, сега го користам 9-от. Подготвена сум да се вратам на она што го сакам, а тоа е правење музика.“

„Предозирањето ми предизвика оштетување на мозокот и до денес се справувам со ефектите од тоа. Не возам автомобил затоа што има места во видното поле кои ми се слепи“, се исповеда Деми и додаде дека долго време имала тешкотии со читањето, поради тоа што и два месеци по предозирањето видот ѝ бил многу матен.

Деми додава дека се справува со последици кои ја потсетуваат што може да се случи пак ако повторно заврши на тоа темно место и дури им е благодарна на овие потсетници.

Во документарецот се прикажуваат и сцени од блескавата страна на животот на Деми со видеа од зад сцената при концерти, изведби на сцена, а и интимни интервјуа со нејзините најблиски.

„Ја преминав границата која никогаш не требаше да ја преминам“, заклучува Деми.

Next Post

Тодоров по поразот од Италија: Најверојатно ќе решава мечот против Естонија

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk