ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025 23:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

-Освен тоа што не ги остварија ветувањата, се надоврзуваат сите скандали коишто ги има, а се поврзани со градоначалниците од редовите на ДПМНЕ. Што скандали поврзани со испумпување на граѓанските пари и општинските буџети, преку веќе добро воспоставени тендерски мрежи. Но исто така и скандали на пример со кражба на нафта од училиштата, нафта којашто се користи за греење на нашите деца, изградба на дивоградби од страна на секретари и втори лица во општината, големи скандали и толерирање беззаконие, нагласи потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.

Таа потсети дека во циклус од четири години има доспеани а неисплатени обврски на ниво од 700 милиони евра заклучно со 2024 година, а 80% од истите доаѓаат од единиците на локалната самоуправа: „Тоа се конкретни имиња и презимиња на градоначалници и конкретни општини,“ рече Костова.

„Важно е да се нотираат и случувањата во локалната самоуправа каде што најголемо мнозинство на водство е од страна на ДПМНЕ во изминатите речиси четири години и токму во тие општини има сериозен пад на квалитетот на комуналните услуги, а во истовреме и раст на цените за тие услуги што е нелогично,“ истакна Костова, додавајќи дека уште пред кампањата да почне, ветувањата на ДПМНЕ градоначалниците за 2025 се исти како оние од 2021 година – што значи дека четири години ништо не е сработено.

Нагласи дека СДСМ размислува подалекусежно од она што го гледаме од ДПМНЕ, нашите решенија што ќе ги понудиме ќе бидат за решавање локалните проблеми на граѓаните и ги придвижување на општините во правилна насока кон поголем раст и развој.

Сите сондажи коишто ги имаме ние, меѓутоа и други независни центри се забележува разочараност кај граѓаните од власта, особено за несправување со економските проблеми, истакна Костова.

-Шестоцифрен е падот на поддршката на ВМРО-ДПМНЕ Најголемо разочарување граѓаните гледаат во  немањето волја на Мицкоски и ДПМНЕ за справување со економските предизвици и финансиските проблеми. Тие се свесни за тоа и затоа покажуваат вакво автократско однесување, секој ден се соочуваат со резултатот од тој пад. Кога ДПМНЕ губи поддршка таа не секогаш се одразува на анкетите но јасно се покажува на избори. Овие избори ќе потврдат пад на поддршката на ВМОР-ДПМНЕ и раст на поддршката на СДСМ и на опозициското расположение, рече Костова.

Костова нагласи дека најлесен и најбезбеден начин да се спречи понатамошното вакво лошо однесување и терање на државата практично во амбис е можноста сите одговорни граѓани на оваа земја да го сосечат до корен ова до срж корумпирано антидржавничко, ненародно дејствување на власта предводена од ДПММЕ и Мицкоски.

-Особено е важно во ваква ситуација, овие локални избори да не се третираат само како обични локални избори туку да се даде отпор кон ваквите девијантни криминогени и скандалозни па дури и автократски тенденции коишто ги покажува Мицкоски и ДПМНЕ. Тоа е одговорност на сите нас и јас верувам дека граѓаните ќе се покажат достоинствено., порача потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.

 

Next Post

Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk