ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Определени коефициентите за утврдување на платите на претседателот и членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

February 18, 2021 11:41
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Членовите на собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата денеска без дискусија со осум гласови „за“ и ниту еден против и воздржан го определија коефициентот за утврдување на платата на претседателот и на членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Платата на претседателот ќе се пресметува по коефициент 3, а платата на членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација по коефициент 2.7.

Претседателот на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата Костадин Костадинов истакна дека ова собраниско тело е надлежно за одредување на коефициентите за утврдување на плата на претседателот и на членовите на Комисијата согласно Законот за плати и други надоместоци на избрани и именувани лица.

-Во Законот за спречување и заштита од дискрминација е утврдено дека членовите имаат статус на именувани лица кои функцијата ја извршуваат професионално и таа не е споива со извршување друга јавна функција, професија или функција во политичка партија. Тие имаат право на плата и други надоместоци во согласност Законот за плати и други надоместоци на избрани и именувани лица, рече Костадинов.

Тој појасни дека во овој Закон е утврдено дека коефициентите за утврдување на платата да изнесуваат од 2.20 до 4.50 и додаде дека во рамки на тие определени коефициенти се утврдува коефициентот за секоја функција.

-Комисијата за прашањата на изборите и именувањата предлага коефициентот за пресметка на плата на членовите на Комисијата да биде 2,7, а на претседателот на Комисијата по коефициент 3, рече Костадинов.

Тој потсети дека со оглед на тоа што оваа Комисија секоја година треба да бира претседател од редовите на своите членови, за тоа редовно треба да го извесува Собранието и Комисијата за прашањата на изборите и именувањата.

Законот за спречување и заштита од дискриминација беше донесен лани во октомври, а минатиот месец беа избрани и членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Со Законот се забранува секоја дискриминација врз основа на раса, боја на кожа, потекло национална или етничка припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет, припадност на маргинализирана група, јазик, државјанство, социјално потекло, образование, религија или верско уверување, политичко уверување, друго уверување, попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, лично својство и општествен статус или која било друга основа.

Дискриминација, согласно Законот, е секое разликување, исклучување, ограничување или давање првенство што се заснова на дискриминаторска основа, со сторување или несторување, што имаат за цел или резултат спречување, ограничување, признавање, уживање или остварување на правата и слободите на одредено лице или група на еднаква основа со други. Ова ги опфаќа сите форми на дискриминација вклучително и оневозможување на соодветно приспособување и оневозможување на пристапност и достапност на инфраструктурата, добрата и услугите.

Законот ќе се применува и во приватната, и во јавната сфера, и во одредбите од Законот експлицитно се наведени областите каде не смее да има дискриминација./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Бесими: Ако компаниите го прошират бизнисот 30 до 50 проценти од бескаматната кредитна линија ќе се претвори во грант

НАЈНОВО

Шукова: Понудата на Ѓорѓиевски беше недобронамерна и омаловажувачка, а извинувањето неискрено и задоцнето

October 14, 2025
Скриншот

Виолината на Ајнштајн продадена за над 1 милион фунти на аукција во Велика Британија

October 14, 2025

Натали Портман од фестивалот во Лион: Лудо е да се зборува за нешто друго освен за славење на мирот

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk