ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев и министрите Бесими и Шаќири на работна средба со „Мастеркард“: Со дигиталната идентификација наместо со физичко присуство идентитетот ќе се потврдува од компјутер или од мобилен телефон

February 18, 2021 18:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Една година по потпишувањето на меморандумот за соработка со „Мастеркард“, денеска се одржа работна средба на којашто беше презентирано решението за дигитална идентификација на граѓаните на Република Северна Македонија.

На работната средба присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, министерот за финансии Фатмир Бесими, како и високи претставници на компанијата „Мастеркард“, претставници од Народната банка на Република Северна Македонија и претставници од Управата за финансиско разузнавање.

Премиерот Зоран Заев, истакна дека со помош на дигиталната идентификација граѓаните стануваат дел од современите дигитални комуникациски процеси на Европа и на светот.

„Со оваа можност, правиме голем и важен чекор во дигитализацијата на нашиот сопствен идентитет што е предуслов за многу безбедни мрежни услуги во земјата и во светот. Имено, документите што ќе бидат потпишани преку оваа апликација ќе бидат признати не само во нашата земја, но во сите земји во Европа и каде и да се продава услугата електронска лична карта на „Мастеркард“. Решението развиено од „Мастеркард“  може да го користат институциите, но и деловните субјекти кои сакаат да ги користат придобивките од технологијата, да воведат дигитализација на нивните процеси и да ги заменат хартијата и пенкалото со електронски документи, електронски потпис и одобрување преку паметни телефони. Дигиталната идентификација ќе овозможи секој процес или постапка што бара потпис и лично присуство да се направи од дома, од работа или каде било преку мобилни телефони“, рече премиерот Заев.

Премиерот Заев ги подвлече заложбите на Владата за трансформација на институциите и придвижување кон користење на сé поголемите придобивки што дигиталните алатки ги нудат. Мобилната апликација на којашто изминатата година работат „Мастеркард“ со поддршка на нашите институции, ќе го промени начинот на работа на институциите, но уште поважно ќе го поедностави секојдневниот живот на граѓаните.

„Овој месец означуваме една година од потпишувањето на меморандумот за воспоставување на услуга за дигитална идентификација за граѓаните на Северна Македонија. Можеме да имплементираме најсовремени системи за е-услуги, да инвестираме во опрема и софтвер, но без средства за електронска идентификација, граѓаните ги праќаме на шалтерите како пред десетици години. Живееме во време кога технологијата го променува нашиот живот на подобро и треба сите да придонесеме за тоа. Со воспоставување на услугата за дигитална идентификација граѓаните од нивните домови ќе аплицираат за услугите во државата и услугите од компаниите во приватниот сектор“, истакна министерот Јетон Шаќири.

Министерот Шаќири посочи дека, користејќи ја услугата за електронска идентификација, јавните институции и компаниите во приватниот сектор со сигурност ќе го знаат идентитетот на лицето кое ја побарало услугата и дека истото лице го потврдува спроведувањето на таа услуга, без можност за каква било измама.

Next Post

Заев: Првата мерка од петтиот пакет за поддршка за плати е 1,920 милијарди денари со опфат на околу 60000 работници месечно

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk