ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Јакимовски во завршен збор за „Таргет-Тврдина“: Обвинението е неосновано, конфузно и не е поткрепено со докази

February 19, 2021 15:16
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Обвинението е неосновано, конфузно и не е поврзано. Не е поткрепено со вистински докази, кои би го потврдиле кривичното дело кое ми се става на товар и не може да истрпи елементарна правна критика, а не пак осудителна пресуда, порача денеска во завршниот збор за случајот „Таргет-Тврдина“, екс-началникот на Одделот за координација во УБК, Тони Јакимовски.

Јакимовски побара од Судот да донесе ослободителна пресуда, бидејќи, како што рече, кривичните дела за кои се обвинува, не се кривични дела според закон.

– Го молам Судот да ги цени и олеснителните околности дека сум семеен човек, татко на две полнолетни деца и дека во текот на мојот работен стаж во Армијата и во УБК немам ниту една дамка во кариерата и целиот свој работен век сум го посветил на зачувување на безбедноста на државата, изјави Јакимовски.

Изнесените тези во обвинителниот акт од аспект на времето, местото и начниот на извршување на делото што му се става на товар, Јакимовски ги оцени како целосно паушално дадени, како и дека во постапката во целост се докажало дека ова обвинение е неповрзано и непоткрепено со докази.

– Со изнесените докази не се докажа обвинението како сум ги пречекорил овластувањата и надлежностите. Обвинителството ниту со материјални, ниту со вербални докази не покажа како сум ги прекорачил службените должности при предлогот за формирање Комисија, одлуките на Комисијата и при присуството на местото на уништувањето. Обвинителството, не докажа дека вредноста со која се претпоставува дека е причинета штета на буџетот е поголема од еден денар. Со ниту еден доказ, не се докажа дека со потпишување на акт не учествувам во негово архивско заведување и проследување до назначениот адресар. Обвинителството, во својот завршен збор, спомена и уништување на докази, за кои пронашле траги при претресот на канцеларијата. Со таквите паушални докази и замени на тези, ЈО во ниту еден момент не покажа дека сум ги злоупотребил службената положба и сум ги пречекорил овластувањата, рече Јакимовски.

Јакимовски, исто така ги отфрли и наводите дека немало потреба од ништење на „Најс трак“ системот, за кој рече дека постојат докази дека не ги исполнува очекуваните задачи и не соодветствува со напредокот на телекомуникациските технологии, поради техничка застареност и нефункционалност.

– Не е точно дека Горан Грујевски заедно со Тони Јакимовски ги уништиле системите и причиниле штета на Буџетот со тоа што евидентно е дека во обвинителниот акт, намерно или случајно е претставено, дека е доставен „предлог за попис, разходување, ништење и бришење од евиденција заради техничка застареност и нефункционалнсот на системите“, туку е доставен акт во кој како предмет е напишано „потреба за формирање на Комисија за попис, расходување и ништење од евиденција и задолжување заради техничка застареност и нефункционалност на системите“ што суштински пртествува многу голема разлика. Вистината е извртена и е сосема погрешно поставена фактичката состојба, изјави Јакимовски.

Во однос на вредноста на опремата, Јакимовски, посочи дека од доказите е јасно дека по пет години вредноста на системите е еден денар, односно за системот „Веринт“ во 2007 година и за „Најс трак“ во 2014 година.

Претходно денеска, завршни зборви за случајот даде и екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која порача дека нејзината совет е чиста и дека кривичното дело кое Јавното обвинителство и го става на товар не го сторила и побара ослободителна пресуда.

Во однос на обвинението кое и се става на товар од Јавното обвинителство, дека им помогнала на Горан Груејвески и Тони Јакимовски за уништување на опремата за прислушување со тоа што го потпишала решението за формирање на комисијата, Јанкуловска рече дека станува збор за апсурдна теорија, што не е поткрепена со ниту еден доказ.

– Дали е можно да претпоставам дека ќе се случи уништување токму на опрема за следење на комуникации, ако од ниту еден документ, што ми бил доставен и од ниту една комуникација што сум ја имала, такво нешто не произлегува. Сите докази и сите сведоци кои беа испитани на таа околност, недвосмилено потврдија дека од документите и информациите кои ми биле достапни во тој момент, не произлегува дека предмет на уништување била некоја конкретна однапред определена опрема, ниту пак решението што сум ги потпишала упатува на уништување на конкретна опрема, изјави Јанкуловска.

Во однос на тврдењето на ЈО дека, веруваат оти таа им помогнала на сторителите, затоа што не се запрашала, ниту се обидела да ја расчисти дилемата на правниот сектор од кои причини е потребно по редовниот попис да се врши вонреден попис и Комисијата да има такви овластувања, Јанкуловска рече дека токму правниот сектор како последен филтер за актите кои ги потпишува министерот, во една сосема стандарна процедура без да посочува на никакви дилеми, и доставил на потпис решение за кое гарантира дека е законски издржано и проверено од секој аспект.

Судењето по овој предметот започна на 22 декември 2017 година.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби, а 1.541 број и по завршување на траењето на важноста на судските наредби. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Обвинителството, во завршен збор на минатото рочиште, посочи дека и покрај сите пречки со кои се соочувале во истрагата успеале да докажат дека обвинетите ги извршиле делата за кои се товарат и побара максимални затворски казни.

Процесот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов./МИА/

Next Post

Сопствениците на ресторани и музичарите бараат укинување на забраната за работа, најавуваат нови протести

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk