„2020-та беше година кога Северна Македонија влезе во НАТО, ние сме разочарани од одлуката на Бугарија да ги блокира преговорите за ЕУ. Ние се залагаме за интеграција на Запападен Балкан, тоа е взаемен интерес на сите држави, колку што е можно побрзо да се случи. Ние изразивме надеж дека процесот кон ЕУ и сите билатерални прашања треба да се решат надвор од пристапните преговори. Ние го гледаме како позитвен знак тоа што Сееврна Макеоднија и Бугарија продолжуваат да расправаат за билатрералните прашања, да се стават надвор од процесот, со цел напредок во тој поглед. Ние и понатаму ќе се залагаме и ќе даваме поддршка тие прашања да останат настрана од процесот на пристапни преговори, бидејќи тоа ќе овозможи напредок.“ изјави амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Брнз, во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5, зборувајќи за односите на Северна Македонија со Бугарија. При тоа дополни дека САД веруваат во капацитетот на Владата дека може да најде решение.
„Мислам дека решението на овие билатерални прашања ќе се постигне со билатерален дијалог, мора на тој начин. Северна Македонија има докази дека се справувала со спорни прашања со соседите и ги разрешувала конструктивно, па и понатаму ќе се залагаме, ќе се бориме и ќе ја поддржуваме Северна Македонија да ги започне преговорите и билатералните прашања да останат надвор од преговорите. Ние имаме доверба во Владата дека ќе успее да дојде до договор со Бугарија за интеграциите.“- истакна амбасадорката на САД.