Од иницијативниот одбор за вонреден когрес на ВМРО-ДПМНЕ велат дека подготовките течат и засега, според планот, вонредниот конгрес ќе се одржи на 28 март, иако се случува во момент кога главниот иницијатор за промени во партијата, Сашо Мијалков е во бегство.
За Телма, тие велат дека бегството на Мијалков нема да има никакво влијание на конгресот и дека сите делегати ќе бидат присутни.
„Конгресот ќе го одржиме. Нема причина за какво било одложување. Течат сите подготовки. Иницијативниот одбор ги следи случувањата и за секоја нова одлука која ќе биде донесена ќе ја информираме јавност“, вели за Телма, Ивица Конески од иницијативниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ.