ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ќе се дозволат камапањи од јавен интерес, неопходни за подобар живот на граѓаните

February 22, 2021 12:33
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата нема намера да ги финансира медиумите преку владино рекламирање, како што тоа го правеше претходно ВМРО ДПМНЕ. Владата има иницијатива да направи законски измени во сегашниот член 102 и од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кој забранува целосно владино рекламирање во медиумите, но при тоа измените да направат дистинкција од владиното до кампањите од јавен интерес.

За да спречи корупција во медиумите СДСМ реагираше со измени во законот кога дојде на власт и целосно забрани владини реклами во медиумите. Но сега, особено заради претстојниот процес на имунизација, се појавува потреба од нови измени во законот, односно владиното рекламирање како такво да остане и понатаму забрането, но да се овозможат кампањи од јавен интерес. Соочени со бројките од некои анкети, кои покажаа дека половината од населението е против вакцинирање,  се наметна потребата од едукативна кампања преку која ќе се подигне свеста кај населението за да сфати дека вакцините се безбедни и дека се од полза ако ги примат во што поголем број.

Од страна на Македонската медиумска асоцијација на националните терестријални телевизии (ММА). информираат дека, земајќи го предвид речиси едногодишното живеење и работење во услови на пандемија, ја подржуваат Владата во однос на нивната иницијатива за измена на членот 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во кој се забранува какво било користење на буџетски средства за какво било информирање преку приватните радиодифузери.

„Земајќи ја предвид позитивната европска пракса, која дозволува и препорачува емитување на непартиски кампањи од исклучителен јавен интерес, како што се на пример кампањите за заштитните мерки од ковид-19, во смисла на држење дистанца, носење маски и слично, сметаме дека, како европската, така и домашната јавност мора на вистинит, но и навремен начин да биде информирана за теми и прашања од исклучителен јавен интерес кои имаат директен ефект врз македонските граѓани како на пример: антикорупција, борба против дезинформации и лажни вести, интеграција на земјата во ЕУ, борба за чист воздух…“ – се наведува во известувањето од ММА.

Асоцијацијата на национални терестријални телевизии, се вели во известувањето, бара од Владата да подготви предлог измена на членот 102, што потоа ќе го достави до Собранието, по што очекуваат законодавниот дом да ја обезбеди посочената измена предложена од Владата. Ова значи дека Владата ќе може, доколку се направат законските измени, да финансира кампањи во медиумите за подигање на свеста за вакцинацијата, кампањи за безбедност во сообраќајот, кампањи за борба против корупција и други кампањи поврзани со јавниот интерес.

Д. Е.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Стопанска комора: Итно да профункционира Комитетот за туризам и да се поедностави постапката за субвенционирање

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk