пишува: МАРИЈА МИТКОВСКА
Гонењето на кривичните дела поврзани со содржината на незаконското следење на комуникациите, и како најважно, откривањето на сторителите и центарот на тоа незаконско прислушкување, одамна го обелодениjа вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ во државава.
Од маслиново масло, до здрава храна носена во Шутка за Чавков и храна припремана во Мериот за Мијалков, до денес, кулата од карти полека, но сигурно ќе се распадне. Иако за Мијалков, не важеше правилото да ја јаде истата храна како и другите притвореници, да користи „полуксузни простории” за разлика од другите, сепак не му беше удобно, а стравот од подолг престој во Шутка не е наивен…
Од луксузот во Мериот заведен како негово живеалиште, ладна и темна му беше ќелијата што ја делеше со другите притвореници. „Тортура”, „Титаник”, „Империја”, „Таргет тврдина”… многу случаи се намножија во досието на Мијалков. Другарка му Јанкуловска е веќе стационирана, главниот им побегна, другите му се мислат кога ќе им дојдат и нивните пет минути на обвинителната клупа. А овој?! И овој избега! Од едни “револуционери” за подобра Македонија, со визии за подобро утре, бегството им се имплементира во крвта некако. Бегство од правдата,, бегство од самиот себе си, не само од ќелијата… толку за „народот“ во кој се колнат.
Радувањето на одслужување затворска казна, гледано од човечки, морален аспект не е добро, ама гледано од личен, се надевам дека ова негово понижување и извесно соочување со правдата, на оние чии животи беа афектирани од злобата, неправдината и подлите малверзации од истомислениците на братучед му во Будимпешта цели единаесет години, ќе донесе барем малку мир и сатисфакција, и до некаде ќе ја задоволи онаа правда што долго време била барана, а не задоволена. Се разбира, ако некогаш заврши во ќелија.
Останува да видиме од каде ќе се јави да каже дека е добар, и смештајот дали му е океј и храната… Крвта не е вода!