ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СЗО: Богатите земји мора да соработуваат со Ковакс

February 22, 2021 21:17
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска ги повика богатите земји, пред да нарачаат дополнителни дози на вакцини против Ковид-19 за себе, да проверат дали тоа ги нарушува напорите за давање вакцини на сиромашните нации.

Лидерите на Г7 во петокот рекоа дека ќе го забрзаат глобалниот развој и примената на вакцини и ќе поддржат „правичен пристап до вакцини“ и лекови против Ковид-19.

Тедрос им се заблагодари на земјите од Г7 за „значајните“ ветувања, но по денешниот разговор со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека „дури и да имате пари, а не можете да ги користите за купување вакцини, имањето пари не значи ништо“.

Тој рече дека барањата на богатите земји до производителите да обезбедат повеќе вакцини „влијаат на работата со Ковакс, па дури поради тоа е намален и износот наменет за Ковакс“.

Тедрос додаде дека богатите земји мора „да соработуваат во почитувањето на договорите склучени со Ковакс и да бидат сигурни дека, пред да бараат повеќе вакцини, нивните барања не ги нарушуваат тие зделки“.

– Но, мислам дека не го поставуваат тоа прашање, рече тој.

Тедрос, кој претходно предупредуваше дека светот ќе се соочи со „катастрофален морален неуспех“ доколку вакцините против Ковид-19 не бидат дистрибуирани правично, рече дека ги разбира политичките притисоци со кои се соочуваат лидерите во земјите со високи приходи.

Тој на денешната прес-конференција на СЗО прозна дека поделбата на дозите е тешка во време на недостиг и повика на значително зголемување на производството на вакцини.

Директорот на СЗО исто така му се заблагодари на францускиот претседател Емануел Макрон кој ма Ковакс му додели пет проценти од француските дози, иако Франција не прецизираше кога ќе се дистрибуираат вакцините.

Next Post

Бегството на Мијалков нема да го одложи вонредниот конгрес на ИО на ВМРО-ДПМНЕ планиран за 28 март

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk