ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи во Париз: Остануваме на патот на европската интеграција

February 23, 2021 14:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Остануваме посветени на реформите, на развојот на добрососедските односи и на унапредување на довербата со Бугарија. Ние се гледаме себе како дел од ЕУ и тоа ќе го оствариме пред се за да обезбедиме успешна иднина на нашите граѓани, но и како наш влог за успех на иднината на Европа, порача денеска во Париз министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Во рамки на посетата, Османи се сретна со неговиот француски колега Жан-Ив Ле Дриан со кого разговараше за европската перспектива на земјава, билатералната соработка, сојузништвото во НАТО, реформската агенда во земјава и регионалните предизвици.

– Франција е еден од главните мотори на Европската унија и силна европска земја и ние сме благодарни што денес ја реафирмиравме поддршката за нашите европски интеграции. Овие пријателски пораки ни се потребни затоа што без разлика на предизвиците, не сакаме да оставиме простор за разочараност, изјави Османи.

Двајцата соговорници, како што информира МНР, разговарале и за европското досие на земјава во контекст на потребата од спроведување на одлуката на Советот на ЕУ во март минатата година.

– Секако дека претставува заедничка обврска да го зачуваме европскиот кредибилитет меѓу земјите од Западен Балкан затоа што не само нам, туку и на целиот континент му е потребен стабилен, просперитетен и европски регион. И тука најмногу сметаме на принципиелната поддршка од земјите-членки, сметаме на фер однос, сметаме на системот на заслуги. Сметам дека денес ги реафирмиравме овие принципилени позиции и со Франција, истакна Османи.

Во насока на продлабочување на билатералната соработка, Османи и Ле Дријан потпишале три документи – Договор за основање на француска

агенција за развој, Договор за филмска копродукција и Договор за прием на донација на пренослив систем за балистичка идентификација.

Во текот на денот, Османи ќе се сретне и со советниците на францускиот претседател Изабел Думон и Александар Адам, а ќе оствари средби и со сенаторката Марта Де Синдрак и со заменик генералниот директор на Француската агенција за развој Филип Бодуен./МИА/

Next Post

Шекеринска: Ќе бараме политичка, но кај некои и кривична одговорност за бегството на Мијалков

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk