„МВР интензивно продолжува со потрагата на Сашо Мијалков. Во тек се информативни разговори со лица кои можат да поседуваат информации, или пак се поврзани со овој случај, рече на денешната прес- конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Спасовски прецизира дека во текот на вчерашниот ден извршени се информативни разговори со 10 лица, меѓу кои и членови на обезбедувањето.
Тој објави дека се одземени телефони, документација и други предмети кои би послужиле за расветлување на овој случај и дека се oбезбедени снимачи од згради и објекти и од камерите од Безбеден град.
„Дозволете му пред сè да ги отфрлам сите шпекулации за било какви договори и со било кого. МВР ги презеде сите расположиви мерки за обезбедувањето на лицето и активно работи на пронаоѓањето и негово приведување пред лицето на правдата.“, истакна министерот Спасовски на денешната прес-конференција.
Министерството за внатрешни работи, на својата веб страница во делот на потраги, ажурираше објавената потерница по поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, од национална во меѓународна потерница.
Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, е недостапен, и полицијата не успеала да му го врачи решението за куќен притвор, што како мерка на претпазливост, на барање на Обвинителството викендот го донесол Кривичниот суд.
Ј. Ѓ.




