Техничките лица од двете држави одблиску, од терен, ги запознаа градоначалниците и со другите активности околу отворањето на овој граничен премин, што е од големо значење за регионот.
Техничко усогласување на катастарските координати за отворање на граничнот премин Маркова Нога, беше целта на денешниот состанок на градоначалниците на општините Ресен од македонска и Преспа од грчка страна Живко Гошаревски и Панајотис Паскалидис.
Техничките лица од двете држави одблиску, од терен, ги запознаа градоначалниците и со другите активности околу отворањето на овој граничен премин, што е од големо значење за регионот.
– Очекувам после средбата да се изработат плановите од двете страни и да се почне со активностите за отворање на Маркова Нога што побрзо. Оптимизам и желба за отворање во најбрз временски период има и од македонска и од грчка страна, истакна Гошаревски.
Oтворањето на граничниот премин Маркова Нога, според ресенскиот градоначалник, ќе значи голем потенцијал за дополнителен туризм, трговија, комунијкација и заендички проекти меѓи двете општини, како и подобрување на условите за живот на населеието.
извор: Канал5.мк