ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: МАНУ го дава својот значаен придонес во вклучувањето на македонската наука и уметност во модерните европски и светски научни текови

February 24, 2021 15:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Како резултат на македонскиот културен и духовен континуитет и како резултат на потребата за институционална втемеленост на науката и уметноста, на денешен ден – 23 февруари 1967 година, Собранието на СР Македонија го донесе Законот за Македонската академија на науките и уметностите како акт за основање на оваа највисока институција од науката и уметноста, објави премиерот Зоран Заев на својот ФБ профил.

– Во Матична комисија, со задача да изврши подготовки за отпочнување на работата на Македонската академија на науките и уметностите тогаш беа вклучени проф. Блаже Конески и д-р Ксенте Богоев, како ректор на Универзитетот во Скопје, кои оваа своја обврска ја остварија со сесрдна поддршка на претставниците на академиите од Белград, Загреб, Сараево и Љубљана. Изборот на првите 14 редовни членови на МАНУ е извршен на 18 август 1967 година во просториите на Народниот музеј во Охрид, а изборот на претседател, потпретседател и секретар на МАНУ е извршен на Првото собрание на Академијата, одржано на 9 октомври 1967 година во Скопје, кога овие функции ги презедоа акад. Блаже Конески, како претседател, акад. Харалмпие Поленаковиќ, како потпретседател и акад. Ѓорѓи Филиповски, како секретар, пишува Заев.

Свеченото отворање на Македонската академија на науките и уметностите, потсетува премиерот, е извршено на 10 октомври 1967 година во големата сала на Собранието.

– Оттогаш наваму академијата го дава својот значаен придонес во вклучувањето на македонската наука и уметност во модерните европски и светски научни текови, преку поттикнување на научно-истражувачката работа и постојаната грижа за зачувување и афирмација на македонското уметничко и културно богатство и наследство, важни за вкупниот развој на Република Северна Македонија, напиша премиерот Заев на неговиот ФБ профил./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Алијанса за Албанците и Алтернатива поднесоа интерпелација за министерот Спасовски

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk