ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи: Просечната плата ќе продолжи да расте

February 26, 2021 12:13
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменикот на Претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, гостуваше во емисијата „Утрински брифинг“, на Слободна ТВ, кадешто зборуваше за повеќе актуелни теми, помеѓу кои и нивото на просечнта плата и управувањето со задолжувањата во Република Северна Македонија, информираат владини извори.

Вицепремиерот Битиќи рече дека просечната плата продолжи да расте, а тоа е резултат и на значително покачената минимална плата, но и како резултат на притисок од пазарот на трудот.

„Минималната плата треба да биде некаде на 60% од просечната. Просечната плата континуирано расте и ќе продолжи да расте. Во декември 2020 година, просечната плата изнесува 28.294 денари, што е пораст од 5% во однос на декември 2019 година, или пораст од над 15% во споредба со 2017 година. Просечната плата расте и поради растот на минималната плата, која од 8.000 односно 9.000 денари, порасна на 14.500, и просчената плата ќе продолжи да расте, затоа што економијата тоа го бара, затоа што пазарот на трудот тоа го наметнува. Мерките за поддршка на компаниите се конципирани на тој начин да се поддржуваат компании кои исплаќаат солидни плати кон вработените, не даваме ниту денар на оние компании кои исплаќаат минимални плати за вработените. Очекуваме во јуни 2021, кога се всушност 4 години од владењето на оваа Влада, да стигнеме до просечна плата од 30.000 денари. Во 2017 година беа потребни 4 минимални плати за да се задоволи потрошувачката кошница, сега се потребни 2,2 минимални плати, а тежнееме кон тоа да 1,5 минимална плата биде доволна за потрошувачката кошница“, нагласи Битиќи.

Вицепремиерот нагласи дека Северна Македонија има стабилен кредитен рејтинг и дека тоа значи пристап до поефтини кредити за раздолжување со претходни задолжувања кои се со повисоки каматни стапки.

„Во моментов немаме одлука за задолжување, тоа е процес кој трае и кој го  води Министерството за финансии, но ако се задолжувам, би се задолжувале, со значително подобри услови. Би можеке да добиеме поволни заеми со каматни стапки помали за 50% од тие што ги имаме. Значи, би се задолжиле да ги вратиме старите задолжувања, со помали каматни стапки, кои сега се 8%, 6%, 5%, а ние може да најдеме кредити со каматни стапки и од 2,5%, со претходно земените кредити, граѓаните само за камати годишно плаќаат 150 милиони евра, тоа е недомаќинско работење. Кога би имале можност да се рефинансираат заемите со други заеми со пониски каматни стапки, секој би го сторил тоа, тоа е во интерес на граѓаните“ нагласи Битиќи во своето гостување во емисијата Утрински брифинг на Слободна ТВ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

ЦИВИЛ: Протести за „Монструм“ да се одржат без насилни инциденти и да се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19

НАЈНОВО

МЗ: Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи – граѓаните да се пријавуваат на апликацијата vakcinacija.mk

October 13, 2025

Сите живи заложници на Хамас ослободени по 738 дена заробеништво

October 13, 2025
Фото: СДСМ

Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ вели „Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk