ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Со оперативниот план за вработување, сите кои ги изгубиле работните места поради Ковид, ќе ги вратиме назад на пазарот на трудот

February 26, 2021 12:39
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменикот на Претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, гостуваше во емисијата „Утрински брифинг“, на Слободна ТВ, кадешто зборуваше за повеќе актуелни економски теми, помеѓу кои и за петтиот пакет економски мерки за справување со последиците од кризата предизвикана од коронавирусот Ковид 19, информираат владини извори.

 Тој нагласи дека мерките од Петтиот пакет имаат социјална, но се многу повеќе насочени кон развојната компонента на економијата. 

„Во петтиот пакет, веројатно ќе биде последната мерка за субвенционирање на плати, но и таа е конципирана поинаку и има стимулативна компонента.  Тие компании коишто ќе работат позитивно и ќе инвестираат, нема да вратат дел од средствата. Освен таа мерка, за поддршка на исплата на плати, сите други имаат развојна компонента. Како за пример, Оперативниот план за активни мерки за вработување, е во насока на заздравување од Ковид. Сите оние лица кои останале без работа, да ги вклучиме во системот како активни баратели на работа. Одреден број на лица имаат соодветни квалификации, но исто така и голем број на лица кои биле во неформална економија, на кои им требаат преквалификации и доквалификации, и планираме сериозни средства, со една нова компонента, ориентирана кон рамномерен регионален развој. Сите мерки мора да направат скок, социјалата не е единствена, но е важна и затоа пензиите редовно се исплаќаат, како и социјалната помош, но се останато мора да се насочи на развојот“, подвлече вицепремиерот.

Битиќи рече дека сите пет пакети на економски мерки се однесени во консултации со засегнатите страни, речиси на секои 3 месеци се носи нов пакет на мерки за поддршка на граѓаните и на стопанството, а доколку епидемиолошката ситуација се влоши и има потреба од дополнителни мерки, Владата е подготвена да делува со нови мерки.  

 Мерките се одлично концепирани и за тоа доаѓаат потврди од повеќе страни. Веќе има први реакции на меѓународните иснтитуции. Добивме потврда на кредитниот рејтинг од Стандард и Пурс, што значи дека и во период на криза сме сработиле добро, да не се направи огромна дисторзија на економијата. Трендот на индустриското производство, на преработувачката индустрија, на финалната потрошувачка на граѓаните, сите овие индикатори  укажуваат, дека падот во 2020 година, би бил околу 4,4%, што e во рамките на нашите проекции. Показателите за јануари и февруари се оптимистички, во јануари трендот е во рамки на претходната година, а во февруари веќе имаме тренд на пораст, за првпат после 12 месеци, еве на приходна страна имаме двоцифрен раст, тоа е добар показател, дека расте наплата на ДДВ, царина, акциза, за данок на личен доход, тоа значи дека економијата не оди надолу“, рече Битиќи.  

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk