ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски: Визијата на Трајковски за евроинтеграцијата, членството во НАТО и грижа за граѓаните, денес се остварува

February 26, 2021 15:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Делегација на Владата на Република Северна Македонија, составена од заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, денеска присуствуваа во Ротмиље, Босна и Херцеговина, на одбележувањето на 17-годинишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски, дознаваме од владини извори.

На положувањето цвеќе на спомен обележјето, вицепремиерот Николовски, истакна дека Трајковски ќе остане запаметен по неговите заложби и вредности за мир, единство и европска држава, а неговата визија за евроинтеграцијата, членството во НАТО и грижата за граѓаните, денес се остварува.

Во продолжение обраќањето на вицепремиерот Николовски ви го пренесуваме во целост:

„Денеска заедно со министерската за труд и социјална политика Шахпаска и со сите присутни од босанската и од македонската делегација, тука во Ротмиље, Босна и Херцеговина, оддаваме почит и чест на ликот и делото на претседателот Борис Трајковски, членовите на кабинетот и на екипажот на авионот, кои на ова место, трагично ги загубија животите.

И по поминати 17 години од смртта на претседателот Трајковски, неговите заложби и вредности за мир, единство, за интегритет, за европска држава, се сѐ уште свежи. Секогаш ќе го паметиме како човек кој имаше визија за успешна Македонија, како човек кој беше умерен реформатор и миротворец.

Секогаш ќе остане запаметен и по неговата клучна улога како предводник на дијалогот за мирно решавање на конфликтот во 2001 година, со кој се стави крај на оружените дејствија и се спречи тенденцијата за граѓанска војна во државата.

Со голема умереност во етничкиот дијалог, расправајќи за поголема вклученост на етничките Албанци, претседателот Трајковски одигра клучна улога во решавањето на конфликтот, како и во процесот на помирување и склучувањето на Охридскиот рамковен договор.

Овие негови лидерски вредности беа од исклучителна важност во еден тежок период во којшто се наоѓаше нашата држава. Неговата визија за европска интеграција, за членство во НАТО, за грижа за граѓаните, единство, мир и стабилност – денес се остварува.

Ги исполнуваме неговите ветувања за стратешките цели на државата. Соединетите Американски Држави се наши стратешки партнери и сојузници. Северна Македонија стана 30-та земја членка на НАТО. Го трасиравме патот и на чекор сме до влез во Европската Унија. Нашата држава е пример во регионот за единство, соживот и мир.

И денеска овде во Мостар, на спомен обележјето, ги продолжуваме неговите заложби и го потврдуваме големото пријателство помеѓу Северна Македонија и Босна и Херцеговина, и ја испраќаме пораката за меѓусебна соработка, меѓуетничка толеранција, за мир спокојство и стабилност.

Северна Македонија, денес е пример за држава којашто има успешна регионална соработка и добрососедски односи. Создаваме едно општество за сите, а владеењето на правото и демократските односи и вредности се нашиот врвен приоритет.

Горди сме што го имавме за претседател на нашата држава, горди сме што придонесе за нашата земја да биде на вистинскиот пат, и што успеавме да ги исполниме неговите ветувања.“

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Влада РСМ

Муцунски во Анталија: Подвлечен придонесот на државава како стабилен и конструктивен сојузник на НАТО

May 15, 2025
Фото: Скриншот

Трамп: Мој приоритет е да се стави крај на конфликтите

May 15, 2025

Костадиновска-Стојчевска: Со измените власта го уназади Законот за македонски јазик, а Инспекторатот од независен го претвори во одделение на Министерството за култура

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

    ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И Латас се вклучи во кампањата на вмровските ботови за ширење на фотомонтажа од „визите“ на Заев и Филипче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk