ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Прилепскиот основен суд првпат изрече доживотна казна затвор

February 26, 2021 12:54
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

 Прилепскиот основен суд изрече доживотна казна затвор за 52-годишниот Никола Петрески, кој во јануари лани уби двајца, а тешко рани едно лице во семејна трагедија која го потресе Прилеп.

Според Жарко Велески, портпарол на Основниот суд во Прилеп, пресудата донесена вчера е за сторени четири кривични дела: едно за убиство, две за обид за убиство и за семејно насилство. Со психијатриско вештачење, судот утврдил дека бил пресметлив кога ги извршувал тешките кривични дела, а судот ги зел предвид отежнувачките околности за извршување на овие дела.

-Осуден е за четири кривични дела, а станува збор за најтежок вид кривични дела. Тука има кривично дело од областа на семејното насилство. Судот, при донесувањето на одлуката, согласно одредбите по член 39 од КЗ ги ценеше сите околности за донесувањето на пресудата. Посебно земени се отежнителните околности: видот и карактерот на кривичните дела за кои се товари обвинетиот, бројот на сторените кривични дела, начинот како се направени кривичните дела, изјави Велески.

Тој вели дека ова е прва доживотна казна затвор што ја изрекува прилепскиот суд.

-Ова е првпат од постоењето на прилепскиот Основен суд, прво како општински, а потоа со проширена надлежност, да биде изречена ваква ригорозна, највисока казна. Не е за пофалба, камо да не се случеше ваква семејна трагедија, рече Велески.

Семејната трагедија која го потресе Прилеп, се случи на 11 јануари лани во утринските часови, околу 8 часот, кога Петрески се појавил на вратата од семејната куќа на семејството на поранешната сопруга. Со пиштол ги убил неа и нејзината мајка и тешко го повредил братот на поранешната сопруга. Трагедијата се случила пред очите на 10-годишниот син кој е сместен кај роднини на мајката и е под надзор на Центарот за социјални работи. Петрески е во притвор до издржувањето на казната. Има право на жалба пред Апелациониот суд во Битола./МИА/

Next Post

Карванот „Учи паметно, работи стручно“ продолжи со консултативна средба во Гостивар

Shortcut

Најново

Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk