ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Средба Спасовски – Хрисохоидис: Инвестираме во добрососедство, како партнери во борбата против криминал на национално и регионално ниво

February 26, 2021 13:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше средба со грчкиот министер за цивилна заштита Михалис Хрисохоидис, на која е разговарано за прашања од заеднички интерес и за зајакнување на прекуграничната соработка, во борбата против организираниот криминал и тероризмот.

– Ми претставува искрено задоволство и чест што денеска имам можност да бидам домаќин на висока делегација од Министерството за цивилна заштита на Хеленската Република, предводена од министерот Михалис Хрисохоидис и би сакал да се заблагодарам за прифаќањето на поканата за посета на нашето Министерство. И во време на светска пандемија, желбата и волјата за соработка остануваат двигатели на успехот, што впрочем и го докажавме со нашата заедничка средба која ја додаваме кон многубројните активности кои се дел од интензивниот напредок во соработката меѓу двете држави, истакна министерот Спасовски по средбата со својот грчки колега Михалис Хрисохоидис.

Борбата против организираниот криминал и илегалната миграција беше посочена од двајцата министри како заеднички императив, во којшто прекуграничната соработка, особено во делот на граничното работење, е неминовна, со посебен акцент на миграциската криза, која значително ги оптоварува двете држави.

– Утврдивме дека имаме многу заеднички работи, области за дискусија и заемен интерес и дека во периодот што претстои ќе бидат направени напори за оваа волја за интензивирање на соработката да ги преточиме во вистински стратешки и оперативни активности. Веќе во тек е нашето заедничко работење на усогласување на Протоколот за спроведување на Договорот за преземање на лица кои престојуваат без дозвола, потпишан во Брисел во 2007 година, а меѓу нас денеска ги споделивме и Предлог договорите за безбедносна соработка, односно соработка во областа на криминалот, за коишто сум убеден дека нашите служби ќе ги усогласат во најскоро време, рече министерот Спасовски, додавајќи дека оваа средба е уште една потврда на добрососедските односи на коишто двете држави се упатени една на друга, како сериозни партнери во борбата против постоечките и новите предизвици на национално и регионално ниво.

Министерот Спасовски забележа дека степенот на соработка и меѓусебна комуникација, како на оперативно, така и на стратешко ниво, оди во нагорна линија, што е, впрочем, од исклучителна важност за нашата држава.

Заблагодарувајќи се за поканата и топлото добредојде, министерот за цивилна заштита на Грција, Михалис Хрисохоидис, посочи дека разговарале за прашања од заеднички интерес.

– Денеска имавме можност да разговараме за прашања од заеднички интерес и да побараме начини и методи за зајакнување на билатералната прекугранична соработка, во борбата против организираниот криминал и тероризмот, како за внатрешната безбедност на нашите земји, така и за регионалната безбедност во регионот. Инвестираме во добрососедство, секогаш во согласност со обврските што произлегуваат од спроведувањето на Договорот од Преспа и со воспоставувањето канали за комуникација, изјави Хрисохоидис.

Тој ја истакнал поддршката од страна на Грција за процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ и волјата да ја обезбедат целокупната потребна помош за исполнување на бараните релевантни услови.

Хрисохоидис денешната средба ја оцени како инаугурација на еден процес на директна соработка, врз основа на заемно почитување, искреност и доверба, за да им понудиме поефикасни безбедносни услуги на нашите граѓани и земји.

– Ние препознавме дека многу важен чекор во нашите билатерални односи е склучувањето на Договорот за полициска соработка, кој ќе ги постави темелите за зајакнување на соработката на органите за спроведување на законот, на стратешко и оперативно ниво. И не остануваме само на изјави, туку одиме напред и во пракса преку работата на Заедничките комисии на двете земји за отворање на две нови гранични точки, во областа на Преспанското Езеро и во Промахи и Мајден, кои се во тек. Во исто време, заеднички ја испитуваме можноста за создавање на еден Контакт центар за полициска соработка, според стандардите на ваков вид соработка со надлежните органи на други земји, подвлече министерот Хрисохоидис.

Тој изрази оптимизам дека во наредниот период ќе бидат направени неколку чекори напред и ќе се постават цврсти темели за конструктивна соработка со поволна перспектива, како на билатерално, така и на европско ниво.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Советот за стабилизација и асоцијација ЕУ-Албанија ќе се одржи в понеделник

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Трамп го повика претседателот Херцог да го помилува Нетанјаху

October 13, 2025
Скриншот

Вучиќ: Граѓаните да бидат мирни, нема да има недостиг од нафта и нафтени деривати

October 13, 2025
Скриншот

Трамп тврди дека „Хезболах е целосно уништен“ и повикува на мир со Иран

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk