ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев – Хрисохоидис: Поддршка за аспирациите кон ЕУ и развој на соработката

February 26, 2021 17:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска се сретна со Михалис Хрисохоидис, министер за заштита на граѓаните на Хеленската Република.

На состанокот е заеднички констатирано дека е отворено ново поглавје во билатералните односи помеѓу Република Северна Македонија и Хеленската Република и оти во последниве две години соработка меѓу државите оди во нагорна линија.

– Оценето е дека се чувствува напредок во нашата држава, при што е посочено на придонесот на премиерот Заев во посочените развојни процеси. Во таа насока, пренесена е пораката дека Хеленската Република продолжува да ги поддржува аспирациите на нашата држава кон Европската унија, во рамки на важечките договори и добрососедските односи и дека има определеност Хеленската Република да има водечка улога на патот на земјава кон ЕУ. За таа цел, соопштено е дека има политичка поддршка, но и заинтересираност за техничка поддршка на тимовите од Северна Македонија коишто ќе работат на поглавјата во рамки на пристапниот процес кон ЕУ, соопштија од владината прес-служба.

Премиерот Заев посочил на придобивките од развојот на добрососедските односи помеѓу двете држави, како што е зголемениот интерес на грчки инвеститори во нашата држава, посебно во областа на енергетиката, како што е интересот за ХЕЦ Чебрен, за ТЕЦ Неготино, или обратно, вклучувањето на нашата држава со 10-процентно учество во стратешкиот проект за природен гас Александрополис.

– Граѓаните и компаниите веќе ги чувствуваат бенефитите од зајакнатата соработка по Договорот од Преспа, а пред нас е голем потенцијал за натамошно унапредување на односите, како на политичко ниво, така и на цивилно ниво, рекол  премиерот Заев се наведува во соопштението.

На состанокот биле нагласени заложбите за интензивирање на соработката помеѓу МВР и Министерството за цивилна заштита на Хеленската Република, преку денешната размената на планови и идеи, со цел заедничко дејствување во борбата против криминалот и корупцијата, нелегалната миграција, безбедноста на граѓаните. Било посочено и на посветеноста кон отворањето два гранични премина кај Преспа, Маркова Нога и Мајден. Како пример за меѓусебната доверба, стои во соопштението, била истакната и соработката насочена кон заштитата на интегритетот на воздушниот простор на земјите членки на НАТО и склучениот технички аранжман помеѓу министерствата за одбрана на двете држави.

На средбата било разговарано и за меѓусебната помош и поддршка во справувањето со последиците од пандемијата.

Next Post

Попладневен преглед: Во тек разговори за „Спутник V“, кинеските вакцини малку ќе доцнат, протест за „Монструм“, повредени полицајци, напад на новинарски екипи...

НАЈНОВО

Фото: МИА

Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

November 2, 2025

Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

November 2, 2025
Фото: МИА

Во Кочани кандидатот на ВМРО–ДПМНЕ Владко Грозданов, прогласи победа

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk