ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Во очекување на зборот на Европскиот парламент

February 28, 2021 11:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со низа средби на највисоко ниво и без многу контроверзи минатата недела мина посетата на известителот за Северна Македонија на Европскиот парламент, Илхан Ќуќук. Македонската јавност главно ја издвои неговата изјава дека постојат големи разлики меѓу бугарските барања и очекувањата на Северна Македонија, анализира за „Порталб.мк“ Малинка Ристевска Јорданова од институтот за европска политика.

Да се вратиме на резолуцијата за нашата држава што Европскиот парламент треба наскоро да ја донесе – според објавените календари – до крајот на март. Тоа е документ што вообичаено секоја година го донесува ова тело за секоја од државите кандидати за членство, неколку месеци по објавениот извештај на Европската комисија за државите кандидати. Документ се носи „по сопствена иницијатива“, а надлежна е Комисијата за надворешни работи. Според вообичаената постапка, за секое прашање Комисијата определува известител, кој е должен да го проучи прашањето и да поднесе предлог на резолуција. Улогата на известителот е значајна и во усогласувањето на текстот, односно разгледувањето и прифаќањето амандмани – особено формулирањето на прифатливи компромисни амандмани. Се поставуваат и т.н. „известители во сенка“ од други политички групи – најмногу со цел да придонесат за усогласувањето на текстот, кој ќе биде прифатлив за сите политички групи, односно барем за неопходното мнозинство. Главната работа и дебата ќе се заврши во матичната Комисија за надворешни работи, за потоа резолуцијата да биде усвоена на пленарна седница.Европскиот парламент има позначајна улога во завршните фази од процесот на проширување, кога е неопходна неговата согласност за договорот за пристапување. Меѓутоа, тој редовно ги следи државите кандидати, и тоа главно преку три механизми: годишната дебата/резолуција за државата кандидат, мешовитиот парламентарен комитет во рамки на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како и преку согласноста и контролата на Буџетот на Унијата. Оваа последна улога во јавноста обично се заборава, а е значајна за претпристапните средства. Во јавноста често се мешаат и улогата на известителот за државата во Комисијата за надворешни работи (во овој состав: Илхан Ќуќук) и ко-претседавачот на Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација од страна на Европскиот парламент (Андреас Шидер). Ова заедничко тело за парламентарен дијалог меѓу нашата држави и Европскиот парламент се среќава најмалку еднаш годишно, но поради ковид-кризата средбите минатата година не беа одржани.

Иако овие резолуции на Европскиот парламент немаат правна задолжителна сила, тие се значајни како индикатор за политичкото расположение во европските институции за проширувањето, како и за релациите со одредена држава кандидат и политичката оценка за состојбите. Европскиот парламент е познат како институција која генерално го поддржува проширувањето, меѓутоа токму во него сега се највидливи разликите меѓу поддржувачите на проширувањето и неговите противници. Годишните резолуции обично ја одразуваат генералната порака на годишниот Извештај на Европската комисија, но сепак повеќе се фокусираат на политичките теми, како и на надворешните односи, а во случајот на Западниот Балкан – особено односите со соседите. Понекогаш овие документи воведуваат и нови наративи кои натаму можат да имаат влијание врз процесот на пристапување.

Годинешниве предлог-резолуции, како и поднесените амандмани се веќе објавени на веб страната на Европскиот парламент. Предлог-резолуцијата за нашата држава генерално го задржува тонот и пораките од Извештајот на Европската комисија. Меѓутоа, првобитно предложениот текст внесува нов наратив во поглед на новонаметнатите услови од страна на Бугарија. И покрај тоа што предлог- резолуцијата се залага за што поскоро одржување на првата меѓувладина конференција, тоа сепак во предложениот текст се доведува во врска со потребата „Бугарија и Северна Македонија… да најдат компромис за прашања поврзани со историјата и јазикот“. Таквиот наратив е очигледно спротивен на официјалниот став од македонска страна. Јасно е дека сега се кршат копјата токму за оваа формулација, со оглед на бројот на предложени амандмани, вклучувајќи и компромисни амандмани.

За жал, иако во предлог резолуцијата со право се инсистира на поголем ангжман на нашата држава за заштита на животната средина и во други области, целосно изостанува залагање за поголемо издвојување на претпристапни средства за Северна Македонија, без кои нема да бидат можни позначајни инвестиции, особено во услови на кризата предизвикана од ковид-19.

 

извор: Мета.мк

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk